8 делови од телото на вашето куче што би требало редовно да ги масирате

Сподели

Секој знае дека масажата го намалува заморот по напорен ден на работа, ја намалува болката, па дури може и да ни го подобри здравјето. Но ако мислите дека масажите се само за луѓето, ќе се изненадите кога ќе откриете дека можат да направат чуда и за вашето куче.

Реклама

Добрата масажа може да го смири нервниот систем на кучето, да му ги загрее мускулите пред некоја активност, па дури и да ги опушти згрчените мускули. Погледнете кои делови од неговото тело е најдобро да ги масирате.rn

1. Глава

rnГлавата на кучето има мускули, органи и многу крвни садови. Мускулите лоцирани во главата на кучето можат да страдаат од грчеви, па масажата ќе ги опушти. Масажата на главата треба да трае само 10-15 минути. Бидете нежни и не нанесувајте премногу притисок на чувствителните делови од главата, во спротивно вашето куче ќе стане нервозно.rn

2. Уши

rnНежно потегнете ги и масирајте ги ушите на кучето за да ја подобрите циркулацијата. Ротирајте ги за да го отворите ушниот канал и да ја зголемите циркулацијата на воздухот. Завршете со масажата лизгајќи со прстите надолу по ушите. Внимавајте да не притискате премногу.rn

3. Врат

rnАко забележите дека кучето го врти целото тело наместо само главата, можно е да има проблеми со вратот. Кучињата лесно можат да го истегнат или да го повредат нивниот врат, па најдобро е да посетите ветеринар во случај да е нешто сериозно. Доколку не е повредено, можете да го масирате за да ја намалите болката. Веројатно ќе треба да му давате храна и да го галите додека го масирате за да остане мирно.rn

4. Грб

rnПостојат разни техники за масажа на грб во зависност од потребата. Масирањето со рамни дланки ќе го опушти кучето и ќе ги истегне мускулите и кожата. Движењата со тупаница ќе ја подобрат циркулацијата на крвта и ќе ги опуштат згрчените мускули. Земете предвид дека ако вашето куче има болки, а вие го притиснете пресилно, тоа може и да ве касне. Па затоа бидете нежни.rn

5. Стомак

rnНеправилната исхрана, прејадувањето, паразитите и други фактори можат да предизвикаат проблеми со дигестијата. Нежно масирајте го стомакот на вашето куче со кружни движења во насоката на стрелките на часовникот. На овој начин ќе ги стимулирате цревата и ќе ги елиминирате проблемите со стомакот.rn

6. Нозе

rnБез разлика дали е младо или старо, секое куче може да страда од артритис и проблеми со нозете. Масажата ќе ги намали и болката и заморот.rn

7. Шепи

rnМасирањето на кучешките шепи е слично како масирање на дланките и стапалата кај луѓето. Ќе го релаксира кучето, ќе ја подобри циркулацијата на крв и ќе можете да проверите за какви било абнормалности на шепите на кучето.rn

8. Гради

rnПостои место каде што главата и вратот се поврзани и овде е лоциран парасимпатичниот нервен систем. Па, масирањето на овој дел има смирувачки ефект. Овој дел е поврзан и со циркулаторниот систем, што значи масажата ќе биде корисна и за срцето и за крвниот притисок.

Дознајте и што значат различните лаења на вашето куче.

Најново

Може ќе ве интересира