КАФЕ ПАУЗА

Филм: Атлас на облаците (Cloud Atlas)

Филм: Атлас на облаците (Cloud Atlas)

Written by

in

,
Епска драма за поврзаноста меѓу минатото, сегашноста и иднината

rnrnФилм: Атлас на облаците (Cloud Atlas)Режија: Том Тиквер, Енди Вачовски, Лана ВачовскиrnrnУлоги: Том Хенкс, Хали Бери, Хуго Вивинг, Џим Броудбент, Џим Старџис, Хју ГрантrnrnВреметраење: 172 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 26 октомври 2012rnrnЖанр: научна фантастика, мистерија, драмаrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn

rnrnНе е лесно да се најдат зборови со кои прецизно може да се опише искуството од гледањето на „Атлас на облаците“ (Cloud Atlas). Истражувајќи подрачја кои за филмската индустрија досега биле непознати или малку познати, овој филм изгледа како да е сам во својот жанр.rnrnФилм: Атлас на облаците (Cloud Atlas)rnrnДејството е извонредно креиран мозаик од шест различни приказни сместени на шест различни локации во шест различни времиња. Истите ликови се провлекуваат низ сите приказни кои се поврзани меѓу себе така што нивните дела во една ера оставаат последици врз нивните наследници во идните светови. Така, гледаме како карактерите се менуваат низ времето или како еден чин на добрина предизвикува бројни позитивни реакции во иднина.rnrnФилм: Атлас на облаците (Cloud Atlas)rnrnОвде не може да се зборува за хронолошко одвивање на дејството како што сме навикнале од другите филмови, затоа што авторите постојано нè носат од една во друга ера. Но, од труењето на млад адвокат во деветнаесеттиот век, преку неприликите на еден музичар во 1936 година, па сè до пост-апокалиптичниот Хаваи каде што останале дел од последните луѓе на овој свет – сите се поврзани. Во поврзувањето на настаните од различни ери многу помагаат и некои мудрости кои ликовите незабележливо ги кажуваат низ дијалозите.rnrnФилм: Атлас на облаците (Cloud Atlas)rnrnПокрај уникатниот начин на прикажување на настаните, овој филм брилира и во поглед на техничките ефекти. Ако сакате реални сцени од измислени светови, тогаш оние од „Атлас на облаците“ несомнено ќе ве воодушеват. Сепак, не останува сè само на компјутерските анимации. Овде е собрана фантастична актерска екипа која извонредно си ја врши работата, при што секој од нив толкува по неколку ликови.rnrnФилм: Атлас на облаците (Cloud Atlas)rnrnСето ова може да звучи комплицирано, но сигурно нема да ви биде здодевно. Иако трае без малку три часа, еднаш штом го сфатите дејството тоа ќе се претвори во забавно филмско доживување. Не е од оние филмови кои мора да се гледаат по повеќе пати за да се разберат, но сепак морате да бидете трпеливи со него. Неговата тежина е слична со онаа на Дрвото на животот (Tree of Life) или Господин Никој (Mr Nobody). Затоа, препорачливо е кога ќе седнете да го гледате да имате желба да погледнете токму ваков тежок филм и да бидете добро одморени. Оваа епска драма добро ќе ви возврати за тоа.rnrnФилм: Атлас на облаците (Cloud Atlas)
rnrn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.