КАФЕ ПАУЗА

7 типови пријатели кои треба да ги имате во вашето друштво

7 типови на пријатели кои треба да ги имате во вашето друштво

Written by

in

,

Пријателството нема цена и секому му е потребно. Вистинскиот пријател секогаш е тука за вас, без разлика на околностите и знае да ви се најде и во добро и во лошо. Иако пријателството е природна работа и несвесно го одбираме кругот на пријатели, сепак важно е од нив да добивате соодветно на тоа што го вложувате. Ова се неколкуте категории пријатели кои би требало да ги имате во вашето друштво.rnrn7 типови на пријатели кои треба да ги имате во вашето друштвоrn

1. Слушател

rnИма периоди кога навистина ви треба некој да ве ислуша, па затоа ќе ви биде потребен човек пред кој ќе можете да го испуштите вентилот и да кажете сè што ви лежи на душа. Ваквиот тип пријател секогаш ќе ве дослуша до крај без разлика на сè. Знаејќи дека можете да се потпрете на некого за ваквите работи, се чувствувате безбедно и го зајакнувате пријателството.rn

2. Комедијант

rnОвој тип човек воопшто не треба да се објаснува. И во времињата кога сте весели, но и кога сте тажни или депресивни, смеењето секогаш е најдобриот лек. Ваквиот тип пријател во вашето друштво секогаш ќе го подига расположението и со него секогаш ќе градите незаборавни спомени.rn

3. Поттикнувач

rnПоттикнувачот е човек кој секогаш ќе ви ја покажува светлината, дури и во оние најтемните денови. И во најлошата ситуација, тие секогаш знаат да ви истакнат една добра работа која таа ја носи, а вам не би ви паднала на ум.rnrn7 типови на пријатели кои треба да ги имате во вашето друштвоrn

4. Потсетувач

rnОвој тип пријател секогаш знае да се наврати на некоја добра случка од минатото и да го развие муабетот, притоа потсетувајќи ги сите на убави моменти. Во комбинација со комедијантот, тие знаат да направат вистинско шоу за оние луди моменти од минатото.rn

5. Реалист

rnСекогаш е добро во друштвото да се има еден ваков човек, кој е стабилен и спуштен на земја. Тој знае како да изреагира во секоја ситуација и да не ви даде лажна надеж. Ова не значи дека тој човек е песимист, меѓутоа вистината секому му е добредојдена.rn

6. Емотивец

rnПонекогаш на сите ни доаѓа чувство дека во секој момент ќе експлодираме. Во ваквите времиња, потребен ни е пријател кој ќе ни укаже дека е во ред да бидеме лути и бесни, па дури и да заплачеме. Овој тип пријател, секогаш знае да го најде начинот да ги изнуди вашите вистински чувства.rnrn7 типови на пријатели кои треба да ги имате во вашето друштвоrn

7. Одговорен пријател

rnОвој човек е многу важен и фундаментален за вистинското пријателство. Овој тип луѓе секогаш знаат како да нè предизвикаат да го дадеме најдоброто од себе. Тие умеат да ги постават најтешките прашања и да нè направат подобри личности.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.