Ние Македонците сме гурмани. Сакаме да јадеме и едноставно обожаваме храна. И тоа во секаков облик и вкус. Јадеме сѐ од зеленчук до брза храна и целосно уживаме во неа. Но колку и да ни е вкусна храната во моментот кога ја јадеме, веќе во следниот момент нашиот стомак ни кажува поинаква приказна. Грчеви, болки, подуеност и што ли уште не се само мал дел од последиците на нашата страст. А ако не знаете која храна најмногу треба да се избегнува, тогаш следниве неколку работи ќе ви дадат доста добра идеја.rnrn
rn
1. Пржена храна
rnКога нешто содржи толку многу маснотии, тогаш дефинитивно треба да го отпишете од секојдневната исхрана. Тешките сосови, прженото месо и кремастите десерти се меѓу најлошите кога станува збор за дигестивниот систем. Тие тешко се варат во организмот и можат да предизвикаат дијареја. Наместо тоа, јадете варено или печено месо во комбинација со зеленчук.rn
2. Цитрони
rnВисокото ниво на влакна во цитроните и овошјата кои спаѓаат во оваа група можат да предизвикаат болки во стомакот кај некои луѓе. И додека една овошка не би направила проблеми, јадењето повеќе од една би можело. Доколку чувствувате киселини и мачнина, обидете се да јадете максимум по еден цитрон или портокал на ден.rnrn
rn
3. Вештачки шеќер
rnРетки се луѓето кои не џвакаат мастики, нели? Убави се и вкусни, но вештачкиот шеќер кој го содржат во големи количини не само што е многу нездрав, туку и може да ви направи големи проблеми со варењето на храната. Грчевите и дијарејата се многу чести појави кога внесувате вештачки шеќер во организмот.rn
4. Премногу влакна
rnСѐ што е претерано не чини, па така е и за оние типови храна кои спаѓаат во здрава исхрана. Иако се добри за јадење, житариците и зеленчукот не се препорачуваат во големи количини. Постои голема веројатност дека ќе се чувствувате подуено и ќе имате гасови. Не претерувајте.rnrn
rn
5. Грав
rnАко јадете грав, тогаш веднаш знаете за што станува збор. Иако зрната грав се полни со влакна и протеини кои се здрави за организмот, тие содржат и шеќери кои тешко се варат. Како последица на тоа, телото се соочува со грчеви и гасови. За намалување на овие последици може да помогне доколку ги оставите зрната да отстојат во вода неколку часа пред приготвувањето.rn
6. Зелка и брокула
rnСтанува збор за навистина здрава храна која се препорачува да се јаде, но таа исто како и гравот содржи шеќери кои тешко се варат. Честа појава се и гасовите кои се последица на влакната кои ги има во голема количина. Совет: зелката и брокулата јадете ги сварени наместо свежи.rnrn
rn
7. Зачинета и лута храна
rnКолку и да е повкусна храната откако убаво ќе ја зачините со разни зачини, лути или благи, факт е дека тие и не се баш здрави за организмот. Покрај тоа, зачинетата и лута храна тешко се вари и може да доведе до пецкање на срцето.