Преместете ја канцеларијата во вашиот дом: 10 занимања кои можете да ги работите од дома

Сподели

Зар не би било прекасно да не морате секое утро да трчате до станицата за потоа да се туркате во преполните автобуси заедно со останатите кои исто како вас се брзаат за на работа? Многу луѓе веќе некое време го немаат овој проблем, бидејќи работат од својот топол и удобен дом, а гледајќи ги статистичките податоци за растот на таканаречените хонорарни позиции, ќе ги има сѐ повеќе!

Реклама

Најголемата платформа за финансирање „Upwork“ идентификува 10 високо платени занимања на својот сајт. Податоците се однесуваат само на работниците од Велика Британија, но сигурни сме дека оваа листа ќе ви биде корисна ако планирате да се посветите на ваквиот начин на работење.rn

1. Позајмување на гласот за видеа (80 евра за 1 час)

rnЛуѓето со симпатичен глас и впечатливи способности за презентирање може да ја испробаат својата среќа во нарација на најразлични видеа: од оние кои нудат помош во домот, до реклами или едукативни видео презентации.rn

Реклама

2. Дизајнирање инфографици (50 евра за 1 час)

rnВештините потребни за визуелно поинтересен приказ на комплексните информации се сѐ повеќе ценети.rn

3. Пишување статии од областа на финансиите (45 евра за 1 час)

rnАвторите на ваквите текстови собираат информации од финансискиот пазар или ги составуваат веќе постоечките извештаи, било за менаџмент, за блоговите на компаниите или веб-сајтовите кои се посветени на берзата.rn

4. Пишување нацрт за договори (40 евра за 1 час)

rnХонорарците од оваа бранша мораат да бидат добро упатени во економската гранка за која пишуваат договори, како и за релевантното законодавство.rn

Реклама

5. Вработување на новите работници (39 евра за 1 час)

rnМногу компании одлучуваат оваа функција на одделенијата за човечки ресурси да ја „префрлат“ на луѓето надвор од фирмата, кои ќе бидат оние кои ќе ги пронајдат, ќе ги тестираат и ќе ги изберат најдобрите кандидати за соодветниот работен профил.

rn

6. Финансиско предвидување (32 евра за 1 час)

rnФирмите сѐ повеќе ангажираат хонорарци за предвидување на финансискиот пресврт во некој период (најчесто во текот на една година). Работата бара анализа на интерното сметководство и продажбата на компанијата, но и глобалните економски трендови.rn

7. Програмирање (30 евра за 1 час)

rnДоколку имате познавања од новата технологија, тогаш дефинитивно би требало да аплицирате за оваа работа.rn

8. Превод од шпански на англиски јазик (30 евра за 1 час)

rnВо глобализираниот свет, преведувачите се сѐ повеќе потребни во секој посериозен бизнис. Особено кога е во прашање комбинација на јазиците како што се шпанскиот и англискиот.rn

9. Пишување CV (30 евра за 1 час)

rnДоброто CV може да ја отвори вратата на големите работни успеси. Експертите за нивното склопување се сѐ повеќе барани.rn

10. Интернет маркетинг од типот „Плаќање по клик“ (28 евра за 1 час)

rnНовите начини на комуникација значат и нови начини на промоција. „Плаќање по клик“ или „Pay per click“ е само еден од начините да заработите многу пари на оваа брзорастечка гранка на маркетингот.

Прочитајте ги и овие 13 чудни вистини кои ги знаат само оние кои работат од дома!

Најново

Може ќе ве интересира