Ниту едно цвеќе не ја повикува пролетта како букетот свежи лалиња. Најдоброто е што овие цветови се навистина отпорни и можат да издржат и до 10 дена во вазна, доколку правилно ги негувате. Погледнете ги советите што ќе ви помогнат во тоа.rnrn
rn
1. Одбирајте затворени цветови
rnКога купувате лалиња, одберете ги оние чии цветови не се отворени. Уште подобро е ако цветот не е целосно обоен, туку е малку зелен. Не грижете се, цветот ќе се отвори за неколку денови, а во вазната ќе издржи многу подолго. Доколку земете веќе расцветани лалиња, тие ќе траат само ден или два.rn
2. Не заборавајте на водата
rnНајдобро би било стеблата да ги обвиткате со хартија натопена во студена вода, и тоа веднаш откако ќе ги купите. Доколку се без вода, лалињата почнуваат да венеат многу брзо.rn
3. Отстранете ги листовите
rnПред да ги ставите лалињата во вазна, накосо отсечете половина центиметар од секое стебло. Ова им помага на цветовите побрзо да „пијат“ вода. Исто така отстранете ги и ливчињата кои растат на крајот на цветот. Доколку листовите паднат во вода, ќе почнат да скапуваат и пребрзо ќе ги „убијат“ лалињата.rn
4. Изберете ја вистинската вазна
rnВазната мора да биде висока барем колку половина од стеблото. Уште подобро е ако е повисока и ги држи цветовите исправени. Доколку вазната е прениска, лалињата ќе се обесат преку работ. Иако можеби овој ефект им се допаѓа на многумина, на овој начин лалињата ќе овенат побрзо.rn
5. Додајте малку „храна“
rnТечната храна за цвеќе можете да ја купите како готов производ, но можете да направите нешто и дома. На пример, во вазната ставете малку сол, малку лимонов сок или монета. Според некои и ова делува, но не е добро колку купечката течна храна.rn
6. Вода, вода и уште вода
rnНа лалињата им е потребно многу вода, па внимавајте да не останат на суво и менувајте им ја водата секој ден.rn
7. Вистинско место за вазната
rnДржете ги лалињата подалеку од сонце. Нивното место не треба да биде изложено на сончева светлина, ниту премногу топлина, бидејќи цветовите ќе овенат.rnrnПогледнете и кои се растенијата што можете да ги одгледувате во вашата кујна.
