КАФЕ ПАУЗА

7 скриени трикови што ги користат работодавците во текот на интервјуто за работа

7 скриени трикови што ги користат работодавците во текот на интервјуто за работа

Written by

in

,

Во модерниот свет, биографијата на кандидатот и обичното интервју не се доволни во потрагата по совршен вработен. Поради тоа, работодавците користат некои трикови, а повеќето од нив се толку едноставни што кандидатот може да падне на некој од тие психолошки тестови, па дури и да не забележи дека тоа всушност е тест. Во продолжение прочитајте какви трикови користат личностите што ве интервјуираат.rn

1. Ви нудат кафе со причина

rn7 скриени трикови што ги користат работодавците во текот на интервјуто за работаrnrnВо последно време, овој тест стана многу популарен кај работодавците. На почетокот на интервјуто, ќе ве одведат во кујната и ќе ви понудат шолја кафе. По интервјуто, работодавецот внимателно ќе гледа што ќе направи кандидатот со шолјата – дали ќе праша каде да ја остави, дали едноставно ќе ја остави на масата или ќе ја измие.rnrnОвој трик открива многу повеќе за карактерот и за манирите на една личност отколку одговорите на поставените прашања за време на интервјуто. Исто така, тоа може да покаже колку брзо кандидатот ќе се вклопи во тимот. Во овој случај, најдобрата одлука е по интервјуто да отидете во кујната и сами да ја измиете шолјата.rn

2. Работодавецот намерно ве остава да чекате

rn7 скриени трикови што ги користат работодавците во текот на интервјуто за работаrnrnВо реалноста, тестот со кафето е „невин“ трик. Ситуацијата може да биде многу полоша ако интервјуто е закажано во 9 часот наутро, но кога ќе пристигнете во канцеларијата, работодавецот е сè уште зафатен и мора да почекате 10 минути. Потоа уште 10 минути. И потоа уште 15 минути.rnrnОвој трик може да покаже колку е кандидатот емоционално стабилен во стресни ситуации и колку навистина сака да ја добие работната позиција.rn

3. Личноста што ве интервјуира одеднаш почнува да вика

rn7 скриени трикови што ги користат работодавците во текот на интервјуто за работаrnrnПовишувањето на гласот, врескањето, па дури и употребата на навредливи зборови е уште еден начин да ја проверат вашата способност за справување со стресни ситуации. Експертите ве советуваат да останете смирени и да одговорите на поставените прашања колку што е можно посмирено.rn

4. Работодавецот има чудно барање и ве тера да скокнете низ прозорецот

rn7 скриени трикови што ги користат работодавците во текот на интервјуто за работаrnrnВаквите ексцентрични барања служат за да го проверат кандидатот колку креативно може да размислува.rnrnМожете да се спасите од таквата ситуација на следниот начин: застанете на прозорецот, но скокнете на подот од просторијата каде што се одвива интервјуто бидејќи никој не ви појасни каде да скокнете. Но, можете и да го шокирате работодавецот поставувајќи му го прашањето: „Каква корист ќе има компанијата од мојот скок?“rn

5. Работодавецот одеднаш почнува да се однесува чудно

rn7 скриени трикови што ги користат работодавците во текот на интервјуто за работаrnrnВо овој случај, кандидатот може да биде игнориран од работодавецот, да гледа во компјутерот, да одговара на телефонските повици или да ја напушти просторијата среде интервју.rnrnОвој трик служи за да покаже како кандидатот ќе го пренасочи вниманието на работодавецот или на кој начин ќе успее да се извлече од оваа ситуација. Една од најефикасните опции е да го замолите работодавецот да го презакаже интервјуто за друг ден.rn

6. Кандидатот се запознава со целиот тим

rn7 скриени трикови што ги користат работодавците во текот на интервјуто за работаrnrnПо интервјуто, постои можност работодавецот да ви понуди да се запознаете со своите потенцијални колеги. Ова не е едноставен учтив гест, туку начин на кој работодавецот ќе дознае какви мислења имаат вработените за кандидатот.rn

7. На работодавецот ќе му падне пенкалото на подот

rn7 скриени трикови што ги користат работодавците во текот на интервјуто за работаrnrnДруг тест што може да му помогне на работодавецот да забележи колку е кандидатот одговорен и добронамерен е да го испушти пенкалото на подот и да ја следи реакцијата на кандидатот. Ако кандидатот инстинктивно се наведне и го крене пенкалото, голема е веројатноста дека ќе биде вработен. Ако кандидатот му дозволи на работодавецот сам да го стори тоа, голема е веројатноста дека нема да биде вработен.rnrnПрочитајте кои видови луѓе не можат да напредуваат на работното место.