Доколку најчесто носите облека со една боја, можеби ќе сакате да го промените тоа. Оваа пролет во мода ќе бидат навистина интересни принтови, што ќе ви помогнат да изгледате неверојатно. Без разлика каков е вашиот стил на облекување, ќе можете да вметнете некој од принтовите и во вашиот изглед.rn
1. Коцки
rn
rnrnОвој принт изгледа како огромна шаховска табла и е доминантен во пролетните колекции на многу модни брендови. Коцките се одличен избор за храбар изглед, а благодарение на неутралните бои, ќе му стојат добро на секого.rn
2. Големи цветови
rn
rnrnИ оваа пролет ќе ги гледаме парчињата со цветови. Бидејќи повторно се хит и винтиџ парчињата, слободно побарајте облека од вашите баби и мајки.rn
3. Уметнички шари
rn
rnrnВо неколку пролетни колекции биле искористени вистински уметнички дела кои биле префрлени на платно. Материјалот со овие дезени и форми изгледа како насликан со четка, па целиот изглед е навистина креативен.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
