КАФЕ ПАУЗА

Кога ќе исчезнат важните ресурси и како ќе се справи човештвото?

Кога ќе исчезнат важните ресурси и како ќе се справи човештвото?

Ако се земе предвид дека многу продукти се направени од необновливи материјали, загрижувачки е фактот што многу од нив можат набрзо да исчезнат. Обновливата енергија станува популарна, но овие технологии не се заменуваат така лесно. Прочитајте кои се необновливите извори што се при крај и како ќе се справиме со тоа.rn

Песок: 2020-та година

rnКога ќе исчезнат важните ресурси и како ќе се справи човештвото?rn

Сегашна ситуација

rnГрадежната индустрија зависи од песокот, материјал кој е најископуваниот минерал во светот. Во државите како Виетнам песокот би можел да се потроши уште во 2020-та година. Ова предизвикало создавање на интернационална индустрија за размена каде што државите го продаваат својот песок. Не се знае за колку точно време би се потрошил целиот песок, но сепак претставува закана.rn

План

rnДосега нема јасно решение за проблемот. Овој проблем не ѝ бил многу познат на јавноста, па дури ни на научниците сè до 2017-та година кога се рашири поради едно истражување. Има обиди да се направи материјал сличен на песокот или пак да се истражат алтернативите, како на пример дрво.rn

Ретки елементи: Помеѓу 2033-та и 2038-ма година

rnКога ќе исчезнат важните ресурси и како ќе се справи човештвото?rn

Сегашна ситуација

rnМногу од технологијата што ја користиме денес содржи некои од најретките материјали на Земјата. Вашиот телефон може да има над 64 уникатни елементи во себе и сите се клучни за правилно функционирање. Постојат 17 елементи кои влегуваат во категоријата „ретки елементи“. Околу 90% од залихата на ретките елементи доаѓа од Кина. Но, кинеските рудници се празнат и можно е да не остане ништо во наредните 15-20 години.rn

План

rnЗа среќа постојат други наоѓалишта во светот. Производителите ги бараат овие локации за потенцијални нови извори на ретки елементи. Покрај тоа, сè повеќе се охрабрува рециклирањето така што ретките елементи можат да се употребуваат повеќе пати.rn

Злато: 2038-ма година

rnКога ќе исчезнат важните ресурси и како ќе се справи човештвото?rnrnСпоред некои експерти, изгледа дека на златната треска ѝ доаѓа крајот. Златото е едно од најверните метали на планетата и не само поради неговиот изглед. Златото можете да го најдете во речиси секоја електронска направа, а тоа преставува проблем. Рудниците за злато полека се празнат, а се наоѓаат сè помалку нови. Експертите веруваат дека имаме околу 20 години за копање злато.rn

План

rnЛуѓето продолжуваат да бараат нови извори, но нема никаква гаранција дека ќе пронајдат нешто. Во меѓувреме, рециклирањето може да биде од помош.rn

Хелиум: Помеѓу 2043-та и 2048-ма година

rnКога ќе исчезнат важните ресурси и како ќе се справи човештвото?rn

Сегашна ситуација

rnПовеќето луѓе го знаат хелиумот како гасот од балоните. Но овој елемент се користи од магнетна резонанца, до воени монитори за радијација. Не можеме самите да произведеме хелиум, а единствените познати извори се сонцето и процесот на радиоактивен распад на камењата. Моменталната залиха на хелиум се создавала милијарда години и може да се истроши во наредните 25-30 години.rn

План

rnМали се шансите да пронајдеме извори на хелиум, а уште помала е веројатноста да го создадеме во лабораторија. Најдобро решение е да се намали неговата употреба.rn

Литиум: 2068-ма година

rnКога ќе исчезнат важните ресурси и како ќе се справи човештвото?rn

Сегашна ситуација

rnЛитиумските батерии се најчести и најефективни, па ова го прави литиумот навистина вреден. Иако предвидувањата од 2015-та година покажаа дека литиумот би ни траел уште 365 години, неодамнешното зголемување на побарувачката го спушти тој број на 50 години.rn

План

rnБез разлика кој вид енергија користиме, не можеме засекогаш да произведуваме автомобили. Немаме добра алтернатива за литиумот. Во еден момент ќе биде потребно да се адаптираме на свет без литиум, бидејќи трајно решение не постои.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn