КАФЕ ПАУЗА

7 причини зошто танцувањето на шипка е совршено хоби за вас

7 причини зошто танцувањето на шипка е совршено за вас

„Ќе танцуваш на шипка? Значи, ќе стануваш стриптизета?“ Сигурно се плашите дека ова би била реакцијата на вашите блиски доколку им ги соопштите плановите за вашето ново хоби. Кај нас сè уште постојат стереотипи во врска со ваквиот танц и луѓето веднаш го поврзуваат со секс, соблекување за пари и други вулгарности. Загрижени дека ќе оставите погрешен впечаток поради општата за слика за танцот на шипка која преовладува кај нас, може да се обесхрабрите и да почнете да се премислувате. Токму затоа ние ви приложуваме 7 причини кои ќе ве убедат дека танцувањето на шипка е идеално за вас.rnrn7 причини зошто танцувањето на шипка е совршено за васrn

1. Потешко е отколку што изгледа

rnДоколку сакате предизвици дефинитивно треба да го пробате овој танц. На прв поглед можеби делува како обично вртење околу шипка и правење секси потези, но овој танц е многу повеќе од тоа. Потребна е голема физичка сила и издржливост за да се изведат сите техники.rn

2. Не е вулгарен

rnЛуѓето со предрасуди автоматски го поврзуваат овој танц со стриптиз. Но, вистината е дека овие две работи се различни како небо и земја. Овој танц е всушност како гимнастика, само што вклучува и шипка.rn

3. Ќе направи да се чувствувате секси

rnКога ќе успеете да изведете макар само една техника на шипката, ќе видите како веднаш ќе се почувствувате моќно и сигурно во себе. Салите за вежбање обично имаат огледала насекаде, па ќе можете да се гледате себеси додека владеете со шипката што дополнително ќе ви помогне да станете посекси, посамоуверени и посилни.rn

4. Одлично е за согорување на маснотии

rnПо еден час поминат на шипката ќе почувствувате како мускулите почнуваат да ви горат како да сте вежбале интензивно цел ден. Целото тело ќе почне да ве боли, но немојте да се откажете поради тоа. Според некои истражувања со танцувањето на шипка може да согорите до 500 калории за еден час. Не само што добивате одлична кардио вежба, туку добивате и издржливост, флексибилност и убаво оформени мускули. Со повеќе вежбање болката евентуално ќе ја снема, но ефектот потоа и резултатите кои ќе ги забележите на вашето тело ќе ве остават без зборови.rn

5. Ќе се потите

rnОвој танц ви нуди одлична можност да ги исфрлите сите токсични материи од вашиот организам бидејќи ќе се потите многу, особено во пределот на дланките. Тоа ќе ви овозможи да ја одржувате својата тежина, па дури и да симнете по некој килограм.rn

6. Ќе ве опушти

rnЌе забележите дека додека танцувате на шипка, вашиот ум ќе биде ослободен од секакви мисли и вие ќе можете целосно да се опуштите. Постојано сте под стрес на работа и дома? Сакате да избегате од секојдневните грижи и обврски? Благодарение на овој танц ќе можете тоа да го направите. Препуштете се целосно и пронајдете го својот зен.rn

7. Ќе се навлечете на ова

rnЕднаш кога ќе пробате да танцувате на шипка, нема никогаш да престанете. Овој танц е навистина заразен и за кратко време ќе забележите дека сте станале зависник од него. Кога ќе ги усовршите сите потези, нема да можете да дочекате да се пофалите со нив и да ги покажете на вашиот сакан. Нема сомнеж дека повторно ќе ја разгорите страста во врската и ќе го зацврстите односот.rnrnТанцот на шипка е навистина женствен и елегантен спорт кој носи многу придобивки за вашето физичко и психичко здравје. Не дозволувајте општеството полно со предрасуди да ве спречи во вашата намера. Пронајдете студио кое нуди вакви часови и пријавете се уште веднаш.