7 причини зошто секојдневното седење во тишина е исклучително важно за вас

Сподели

Сите звуци што нè опкружуваат во денешно време, особено оние во големите градови, премногу го стимулираат нашиот мозок и се причина за насобирање стрес, нервоза, анксиозност, депресија… Иако многу константни звуци и „не ги слушаме“, бидејќи сме навикнати на нив, тие негативно делуваат на нашите мозочни клетки кои всушност никогаш не може да се одморат од постојаното бомбардирање со нив. Научниците велат дека седењето во тишина благотворно делува на луѓето и ја поправа штетата што ја прават големата количина звуци. Еве зошто тишината е исклучително важна и зошто треба да одвојувате барем 2 часа во денот за изолација од штетните звуци…

Реклама

rn

1. Тишината нè смирува

rnКога ќе настапи тишина, мозокот се смирува и почнуваме да се чувствуваме мирно и спокојно. Со забавувањето на мозокот се забавува и нашето дишење. Тишината ни овозможува шанса подобро да се поврземе со самите себе, без ништо друго да го одвлекува нашето внимание.rn

2. Ги поправа мозочните клетки

rnТишината има одличен ефект на мозокот, ги поправа неговите клетки и го подмладува. Процесот на поправка на штетата во клетките започнува после 2 часа поминати во тишина. Тоа пак води кон подобро помнење, поголема толеранција на стрес и чувство на добар одмор. Тишината за нашиот мозок е како здравата храна за нашето тело.rn

3. Овозможува долгорочно задоволство

rnПаметните телефони, телевизијата и сличната технологија се всушност нужно зло, бидејќи иако имаат корисна секојдневна функција, тие истовремено и како да ја „цицаат“ душата на човекот. Ако го погледнете секојдневието на поголемиот дел луѓе, ретко ќе пронајдете момент да се будни, а да не се под влијание на некој уред. Луѓето всушност во денешно време сѐ помалку се гледаат, бидејќи очите сѐ повеќе им се приковани за екраните. Иако не е лесно да ги избегнете, обидете се сите тие уреди да ги користите што е можно помалку. Таа навика на вашиот мозок ќе му овозможи одмор, а тоа ќе ви даде чувство на задоволство и исполнетост.rn

4. Тишината ги подобрува останатите сетила

rnСо седењето во тишина стануваме посвесни за своето опкружување и успеваме да слушнеме звуци за кои можеби и сме заборавиле дека постојат, како на пример, шумот на ветрот, пеењето на птиците, шушкањето на лисјата, пукањето на гранките… Тишината не го подобрува само слухот, туку и сите останати сетила. Нив бучавата ги блокира, а тишината ги деблокира.rn

5. Го подобрува нашето внимание

rnВо тишината мозокот има прилика да се фокусира на нешто без напор и сметање. Тоа е еден вид фокусирање кое во тишината го правиме несвесно – му дозволуваме на нашиот ум да лута од една мисла до друга. Тоа води кон побавно темпо на живот и поволно делува на умот и телото. Концентрацијата се подобрува, помнењето работи подобро и слично.rn

6. Заради молчењето сме поискрени

rnДодека седиме во тишина не можеме да побегнеме од длабоките мисли. Тогаш стануваме целосно отворени кон своите чувства, желби, мисли и слично. Луѓето во тишина се гледаат со поразлични очи и стануваат поискрени кон себе, и некои работи им стануваат појасни. Тогаш е полесно да ги лоцирате проблемите и да најдете начин како да ги решите – со ладна глава.rn

7. Го забавува брзиот ритам на живот

rnВо денешно време сите како да трчаат и да брзаат некаде. Имаме многу обврски, а малку време. Затоа е исклучително важно да забавите и да го искусите сегашниот момент во целост. Тишината нè смирува и нè забавува, а со самото тоа ни дава можност да се ослободиме од насобраниот стрес. Тишината ни ги отвора очите и всушност ни помага да сфатиме колку е сегашниот момент навистина важен.

Време е да дознаете и зошто тишината може да биде корисна.

Популарно

Може ќе ве интересира