7 предмети во вашата спална соба кои може да бидат причина за појава на рак

Сподели

Постојат многу совети за намалување на ризикот од рак – од храната која ја консумираме до продуктите за убавина. Она што е важно е да знаете што треба да избегнувате. Некои од овие совети се очигледни, но некои навистина ќе ве изненадат. Следнава листа содржи неколку предмети од вашата спална соба кои можеби го зголемуваат ризикот за појава на рак.rn

Реклама

1. Памучна постелнина

rnПамукот е растение на кое има најмногу средства против инсекти. Активната состојка која се наоѓа во овие средства е глифосад. Глифосадот е поврзан со ракот многупати, но луѓето продолжуваат да го употребуваат. Можете да најдете соодветна замена за стандардните памучни постелнини, а најдобар избор се оние кои се направени од органски памук.rn

2. Покуќнина од лажна кожа

rnЛажната кожа содржи многу хемикалии кои се поврзани не само со ракот, туку и со други нарушувања. Исто така каучите и креветите многу често содржат состојки кои ја намалуваат нивната запаливост. Овие состојки го зголемуваат ризикот од рак, може да направат промени во хормоните и да влијаат негативно на развивањето на мозокот.rn

3. Боја

rnМожеби ви се допаѓа мирисот на свежо обоен дом, но и тој мирис си има своја цена. Еден од најчестите извори на испарливи органски соединенија во домот е бојата. А нејзиното влијание е уште полошо кога е на затворен простор. Истражувањата покажале дека нивото на некои соединенија е 2 до 5 пати повисоко во затворен простор.rn

4. Електронски уреди

rnДали спиете со телефонот до вашиот кревет? Ако го правите тоа, не сте единствените. Покрај телефонот, голема е веројатноста во вашата спална соба да се наоѓа и телевизор, или пак рутер за Интернет. Со ова вие само дополнително се изложувате на електромагнетно поле. Оваа изложеност долго време се смета за канцерогена, а направени се и неколку истражувања кои го потврдиле ова мислење. За да го намалите влијанието исклучете го вашиот телефон, или пак оставете го во друга соба додека спиете.rn

5. Душек

rnИ душеците имаат состојки кои ја намалуваат нивната запаливост. Како што кажавме претходно, овие состојки се поврзани со многу здравствени нарушувања.rn

6. Кадифени играчки

rnДруг предмет кој често содржи состојки за намалување на запаливоста се кадифените играчки. Ова е особено лошо бидејќи децата се најмногу изложени, и тоа уште од рана возраст.rn

7. Освежувачи за простории

rnРетко кој не користи освежувач за просторија. Најчесто тие се направени од синтетичка арома, или парфем. Парфемот во освежувачите е всушност коктел од отровни хемикалии кои често не ги пишува на производот. За поздрава алтернатива, користете есенцијални масла.

Погледнете и кои се раните симптоми на рак кои не смеете да ги игнорирате.

Популарно

Може ќе ве интересира