Многу ретко можеме да ги видиме пилотите во некое друго издание, освен во нивната униформа и темните очила. Но, Мариа Петерсон очигледно не е обичен пилот. Таа стана интернет сензација и има огромен број следбеници на социјалните мрежи откако почна да се слика и да објавува фотографии како практикува јога во различни делови од светот.rnrn
rnrnОваа 32-годишна Швеѓанка од Гетеборг работи како пилот во компанијата „Рајанер“.rnrn
rnrn
rnrnФотографиите почнала да ги споделува на Инстаграм откако се преселила во Палермо, Сицилија. На тој начин сакала да им го доближи својот живот и својата работа на најблиските во Шведска, како и да ги сподели прекрасните искуства од италијанскиот остров.rnrn
rnrnСпоред фотографиите, станува збор за една исклучително ведра и енергична млада дама, која добро се снаоѓа и на плажа, покрај тропските или малку постудени води, како и во авионот Боинг 737.rnrn
rnrnНејзините фотографии се хит на Инстаграм, а таа има илјадници следбеници.rnrn
rnrn
rnrnОваа млада дама е вистински пример дека со доволно голема желба и труд може да се спојат работата и задоволството.rnrn
rnrnПетерсон може да биде инспирација за луѓето ширум светот.rnrn
а
Шведска пилотка го живее својот сон: Патува, вежба јога и се фотографира
