КАФЕ ПАУЗА

10 начини на коишто боите на секојдневните работи влијаат врз вашето расположение

10 начини на коишто боите на секојдневните работи влијаат врз вашето расположение

Експертите за маркетинг ефикасно ја користат психологијата на боите за да создадат специфични асоцијации во мозокот на луѓето. Едно истражување тврди дека 90% од одлуките на луѓето се засновани на бојата на предметот. Исто така, можете да ги контролирате вашите емоции со тоа што ќе научите какви ефекти има секоја боја врз вас. Во продолжение прочитајте како боите на предметите околу вас може да влијаат на вашата емоционална состојба.rn

1. Портокалова

rn10 начини на коишто боите на секојдневните работи влијаат врз вашето расположениеrnrnКако се чувствувате: Може да ве поттикне и да ве стимулира кога станува збор за физичката активност. Оваа боја го поттикнува чувството на оптимизам и храброст, па чувствувате дека можете да постигнете многу работи. Портокаловата боја честопати се поврзува со креативноста и со забавата.rnrnКога ви е потребна: Секогаш кога сакате да вежбате, да привлечете внимание кон себе или да комуницирате со другите. Портокаловата боја е одлична за фитнес-простории, за забави и за разни униформи.rn

2. Сина

rn10 начини на коишто боите на секојдневните работи влијаат врз вашето расположениеrnrnКако се чувствувате: Оваа боја предизвикува чувство на удобност и мир. Сината боја се поврзува со бојата на водата и на небото кои се симболи на слободата и на спокојството.rnrnКога ви е потребна: Сината боја е совршена за релаксација и затоа треба да ја имате во вашиот дом или каде и да било на друго место каде што ви треба мир и тишина.rn

3. Зелена

rn10 начини на коишто боите на секојдневните работи влијаат врз вашето расположениеrnrnКако се чувствувате: Бидејќи зелената е бојата на животот, таа е поврзана со чувството на рамнотежа, безбедност и стабилност. Зелената исто така може да ја инспирира благосостојбата и да ја обнови вашата енергија.rnrnКога ви е потребна: Зелената боја е се поврзува со храната, па затоа е многу популарна кај намирниците и може да биде корисна во кујната. Неколку зелени предмети низ вашиот дом (на пример растенија) може да внесат многу живост во вашиот простор.rn

4. Црна

rn10 начини на коишто боите на секојдневните работи влијаат врз вашето расположениеrnrnКако се чувствувате: Црната предизвикува чувство на сигурност и на емоционална заштита. Оваа боја е совршена за прикривање чувства и за криење на ранливоста.rnrnКога ви е потребна: За многу луѓе, црната боја е прв избор кога станува збор за технологијата бидејќи изгледа безбедно и сигурно. Исто така, при комуникацијата таа покажува авторитетот и мистериозност.rn

5. Виолетова

rn10 начини на коишто боите на секојдневните работи влијаат врз вашето расположениеrnrnКако се чувствувате: Се верува дека виолетовата боја предизвикува ментална рамнотежа и стабилност и е бојата на духовното просветлување. Виолетовата, исто така, е омилена боја кај кралските семејства и затоа честопати се поврзува со луксузот.rnrnКога ви е потребна: Кога сакате да се опуштите и да се чувствувате удобно. Во принцип, виолетовата е одлична боја за вашите меки предмети во домаќинството, како ќебиња, постелнини, перници итн.rn

6. Црвена

rn10 начини на коишто боите на секојдневните работи влијаат врз вашето расположениеrnrnКако се чувствувате: Црвената е боја на моќта, на страста и на енергијата. Ве мотивира и ве поттикнува на непосредна акција, па дури може да се чувствувате непријатно ако сте интроверт или ако се наоѓате во ситуации кои бараат мир и тишина.rnrnКога ви е потребна: Ако треба да завршите некоја работа, црвената боја е совршена за стимулирање на активноста. Одлична е и за привлекување внимание кон себе и за зајакнување на самодовербата.rn

7. Жолта

rn10 начини на коишто боите на секојдневните работи влијаат врз вашето расположениеrnrnКако се чувствувате: Жолтата боја предизвикува возбуда, позитивност и забава. Но, таа е исто така бојата на свеста, без чувство на загриженост или страв.rnrnКога ви е потребна: Можеби забележавте дека повеќето знаци на аеродромите и на патиштата содржат црн текст на светложолта позадина. Тоа е така затоа што жолтата боја веднаш привлекува внимание и ве тера да се фокусирате на информацијата. Исто така, тоа е совршена боја кога треба да направите презентација или да пренесете итна порака.rn

8. Бела

rn10 начини на коишто боите на секојдневните работи влијаат врз вашето расположениеrnrnКако се чувствувате: Белата е боја на чистотата и на невиноста. Таа предизвикува чувство на сигурност, надеж и нови почетоци. Луѓето чувствуваат немир кога белата боја се користи надвор од контекст. Поради тоа, моментите кога негативните ликови во филмот пијат млеко се многу ефективни.rnrnКога ви е потребна: Користете бело за да ја изразите чистотата и удобноста. Оваа боја често ја гледате во хотелите и во болниците затоа што е одлична за покажување гостопримство и сигурност.rn

9. Розова

rn10 начини на коишто боите на секојдневните работи влијаат врз вашето расположениеrnrnКако се чувствувате: Розовата претставува романса, топлина и женственост. Оваа боја се поврзува со негувањето и со грижливото однесување, па затоа често се користи кај производите за жени и деца.rnrnКога ви е потребна: Розовата боја може да предизвика жените да изгледаат попривлечно во очите на мажите. Розова облека, розова шминка, розови нокти – сето тоа го дополнува романтичниот изглед кај секоја девојка. Оваа боја често се користи и кај колачите затоа што ве тера да мислите дека тоа што го гледате е многу слатко.rn

10. Кафена

rn10 начини на коишто боите на секојдневните работи влијаат врз вашето расположениеrnrnКако се чувствувате: Кафената боја е природна и утешна. Таа предизвикува чувство на стабилност и сигурност, па затоа е една од боите што лесно може да направат да се чувствувате како дома каде и да сте.rnrnКога ви е потребна: Секогаш кога треба да направите околина околу вас да изгледа попријатно. Кафената боја е ефикасна кога се користи на дрвени предмети за да покаже издржливост и богатство.rnrnПрочитајте кои нијанси докажано го подобруваат расположението.