Постојано си ветуваме дека на животот ќе гледаме низ призма на нештата кои ги имаме, а не на оние кои ги немаме, и постојано го прекршуваме ветувањето. Овие седум прашања треба да ве вратат на правиот колосек.rnrn
rn
1. Дали сум сакан/а?
rnЉубовта го носи сиот квалитет во животот, а врските со другите луѓе е една од работите што суштински го дефинираат. Сигурно сте опкружени со многу луѓе на кои им значите. Понекогаш ќе имате поинакво чувство кога ви фали некој во тој круг, но ако погледнете на ситуацијата без емоциите произведени од невозвратената љубов, ќе сфатите дека вие и понатаму имате многу на што да се радувате.rn
2. Дали некој смета на мене?
rnВашите деца, родители, партнери или пријатели – сите сметаат дека може да се потпрат на вас кога им е тешко. Дури и оние кои ви се јавуваат „само кога има требате“ покажуваат дека сметаат на вас и ја истакнуваат вашата вредност како личност.rn
3. Дали сум безнадежен/а?
rnИма моменти кога делува како светот да ви се срушил врз глава, но тоа само така изгледа. Секој што поминал низ период на безнадежност знае дека тоа е моментот кога се отвораат нови можности на кои не сте се ни надевале. Никогаш не сте безнадежни и треба да сте среќни поради тоа.rn
4. До каде стигнав после (некој тажен или тежок момент)?
rnСега сте многу позадоволни отколку во времето на безнадежност, нели?rn
5. Дали имам избор?
rnДа, имате избор! Често пати занемарена, но многу убава работа во животот е тоа што во секој момент и во секоја ситуација имате право на избор. Треба само да соберете храброст да се носите со потенцијалните „лоши“ последици. Ако ја мразите работата, имате избор: да ја задржите или да дадете отказ. Ако не ви се живее таму каде што живеете, можете да се иселите веднаш штом престанете да се плашите од тој предизвик. Можеби тоа ви изгледа како безнадежна ситуација, а во тој случај прочитајте ја уште еднаш третата точка.rn
6. Дали постојат работи кои ми се страст и кои уживам да ги правам?
rnАко сте пронашле една или повеќе работи кои ви се страст и ги практикувате, сигурно веќе сте среќни.rn
7. За што сум благодарен/а во животот?
rnОдговорите на претходните прашања ќе ви го дадат одговорот и на последното. Има на што да се радувате во животот.