Знаеме дека ве фаќа „криза“ и дека морате да му го слушнете гласот или да видите порака од него, но исто така знаеме и дека не е добра идеја доколку сте завршиле со него или тој со вас. Затоа во моментите кога ве обземаат чувствата и настапуваат моментите на недостасување, прочитајте го овој наш мал водич и погледнете кои паметни работи можете да ги направите наместо да му пратите порака на вашето бившо момче.rnrn
rn
1. Излезете да прошетате или уште подобро, одете на џогинг
rnВо моментите кога ќе ве фати криза и ќе почувствувате интензивна желба нешто да му напишете или да му се јавите, тогаш излезете на чист воздух и прошетајте или трчајте, барем половина час. Тоа ќе ви помогне да ја испразните главата и да ги разбистрите мислите. После враќањето назад, најверојатно и самите ќе сфатите дека праќањето порака е всушност една голема грешка која нема да ви падне повторно на памет (барем не во следните 3 дена).rnrn
rn
2. Пуштете ја омилената песна и танцувајте
rnДали постои нешто може подобро да ги излечи љубовните рани од музиката и танцот? Секако дека не! Затоа наполнете се со позитивна енергија и играјте сè додека идејата за праќање порака на бившото момче тотално исчезне.rnrn
rn
3. Јавете ѝ се на вашата најдобра другарка
rnНаместо да го куцате неговиот телефонски број, повикајте го вашиот разумен глас – вашата најдобра другарка која ќе ве врати на вистинскиот пат. После разговорот со неа сигурно ќе добиете нови, сјајни идеи, а мислите за него ќе исчезнат.rnrn
rn
4. Напишете сè што сакате да му кажете, но во својот дневник
rnАко не можете да ги задржите чувствата и зборовите, напишете ги на хартија наместо да му ги пратите нему. Можеби после пишувањето ќе сфатите дека тој бил голема грешка која не ги заслужува вашите зборови и пораки.rnrn
rn
5. Шопинг
rnДали е потребно да објаснуваме зошто терапијата со шопинг ќе го излечи вашето тело и дух, а со тоа и ќе ви ја избрише идејата за допишување со него?rnrn
rn
6. Задоволете се себеси на кој било начин
rnНе е важно дали тоа ќе биде шопинг, излежување во креветот, чоколаден сладолед… Едноставно издвојте време за самите себеси и своите лични задоволства! Што и да ви падне на памет во тој момент, направете го! Бидејќи сè друго е подобро од враќањето во минатото и праќањето патетични пораки.rnrn
rn
7. Посетете фризер, маникир, педикир…
rnБидејќи ќе се чувствувате како милион долари и идејата за него веднаш ќе исчезне, барем за кратко. А кој знае, можеби баш во тоа издание ќе запознаете некој кој ќе биде вреден за вашите пораки.rnrn