9 годишно девојче гради засолништа и одгледува храна за бездомници

Сподели

Иако Хејли Форт има само 9 години, таа веќе им има многу помогнато на бездомниците и планира помошта постојано да ја зголемува. Ова мало девојче, своето слободно време го поминува во изградба на мобилни засолништа за бездомниците, одгледување храна и обезбедување средства за хигиена за нив.

Реклама

Кога Форт имала 5 години, ја прашала мајка си Миранда дали може да му помогне на еден бездомник во Бремертон, Вашингтон, каде што таа живее. Секако мајка ѝ се согласила и сега тие заедно работат за да им помагаат на сиромашните. Човекот на кого му помогнале купувајќи му сендвич сега ѝ е пријател, а оттогаш има изградено многу засолништа и за многу други нејзини пријатели-бездомници. Таа вели дека ги гради засолништата за бездомниците „за да не наврнат, да се чувствуваат безбедно и да останат суви“.

rn

„Не е во ред тоа што има бездомни луѓе“, раскажува Хејли. „Мислам дека секој треба да има место за живеење.“

Реклама

rnБлагодарение на попустите кои ги добива, едно засолниште ја чини само 300 долари, а иако добива помош и инструкции од родителите, главната градежна работа ја изведува сама.

Нејзината цел оваа година е да одгледа 113 кг храна, да изгради 12 засолништа и да обезбеди илјадници средства за лична хигиена.

Погледнете го ова видео за нејзината работа.

Реклама

Најново

Може ќе ве интересира