Според астролозите, овој месец нè очекува нов почеток во поглед на љубовниот живот, но и во поглед на финансиите!rnrn
rnrnВенера ќе остане во знакот Овен сè до 28 мај и ќе ги промени нашите приоритети при што на прво место ќе ја стави љубовта.rnrnПреку нејзината енергија ќе посакаме да започнеме нешто ново и да внесеме повеќе возбуда во нашите односи. Сè ќе се одвива брзо и спонтано. Со помислата дека немаме време за одолговлекување, јасно ќе ги формулираме нашите цели и желби.rnrnОваа Венера ќе биде нетрпелива, одлучна и незаинтересирана за долго заведување. Според тоа, можеме да очекуваме јасни и директни понуди. Нема да има потреба да читаме меѓу редови бидејќи она што ќе го видиме и слушнеме ќе биде вистина.rnrnПод влијанието на енергијата на Венера, страста лесно гори, брзо расте емоционалниот набој, но брзо се губи и интересот. Единственото нешто што ќе биде важно е да не се чувствуваме здодевно.rnrnОсвен тоа, „ловот“ честопати е повозбудлив од остварувањето на целта.rnrnСпоред астролозите, во овој период нè очекува нов почеток и во поглед на финансиските прашања како и свеста за тоа кои се нашите вистински вредности.rnrnНе заборавајте дека храброста, одлучноста и самодовербата се клучните елементи за она што сакате да го постигнете.rnrnСега е време за акција, а дали сте го направиле или не вистинскиот избор, ќе откриете на 28 мај кога Венера ќе премине во знакот Бик.rnrnОткако прочитавте за астролошката прогноза до 28 мај, можеби ќе сакате да го прочитате и месечниот љубовен хороскоп за мај.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
Астролошка прогноза до 28 мај: Што ќе ни донесе магичната Венера во Овен?
