КАФЕ ПАУЗА

9 прехранбени производи што си ги забрануваме иако не би требало

9 прехранбени производи што си ги забрануваме иако не би требало

Сите сакаме да имаме совршена фигура и здравје, па затоа си забрануваме да јадеме одредени прехранбени производи што мислиме дека се штетни. Но, некои видови храна не се толку лоши колку што мислиме. Дознајте кои 9 прехранбени производи можат да бидат добри за вас доколку ги консумирате во умерени количини…rn

1. Пржени компири: За дигестија и имунитет

rn9 прехранбени производи што си ги забрануваме иако не би требалоrnrnНутриционистите уште одамна го додадоа ова вкусно задоволство во листата на штетна храна. Сепак, времето покажало дека ништо лошо нема да ви се случи доколку јадете пржени компири во мали порции. Освен тоа, компирите содржат јод, витамин Б, фосфор, малку витамин Ц и фолна киселина, па затоа ја подобруваат дигестијата и го зајакнуваат имунитетот.rn

2. Сладолед: За здрави заби и одржување на тежината

rn9 прехранбени производи што си ги забрануваме иако не би требалоrnrnДобро прочитавте! Сладоледот може да биде добар за вашето здравје и фигура! Калциумот што го содржи млекото помага во согорувањето на калориите и е особено корисен за бремени жени и доилки. Исто така, млечните сладоледи содржат многу витамини и минерали. За да не погрешите и да не консумирате штетни бои и додатоци во храната, лекарите препорачуваат да јадете чист млечен или домашен сладолед.rn

3. Пуканки: За заштита од рак и дијабетес

rn9 прехранбени производи што си ги забрануваме иако не би требалоrnrnИмаме добри вести за редовните посетители на кино салите! Пуканките го регулираат нивото на шеќер во крвта и помагаат во отстранувањето на инсулинот. Освен тоа, богати се со антиоксиданси.rn

4. Чоколадо: За здрава кожа и зголемена продуктивност

rn9 прехранбени производи што си ги забрануваме иако не би требалоrnrnТврдењата дека чоколадото предизвикува проблеми со кожата се само гласини. Вистинското чоколадо содржи полифеноли кои ја подобруваат циркулацијата на крвта и ја одржуваат нашата кожа затегната и мазна. Освен тоа, чоколадото ја зголемува концентрацијата. Еден ред чоколадо може да ја замени шолјата кафе!rn

5. Мајонез: За побрз метаболизам и здраво срце

rn9 прехранбени производи што си ги забрануваме иако не би требалоrnrnДенес многу доктори препорачуваат да се јаде салата со мајонез 2-3 пати неделно поради зеленчуковите масла што ги содржи, а тие ја спречуваат појавата на срцеви заболувања. Исто така, витамините Е и Ф ги неутрализираат негативните влијанија на околината и го подобруваат метаболизмот. Меѓутоа, ова важи единствено за мајонезот што се приготвува дома. Мајонезот од продавница нема да ви донесе ништо добро.rn

6. Пиво: За заштита од бубрежни заболувања

rn9 прехранбени производи што си ги забрануваме иако не би требалоrnrnПивото содржи најмногу корисни киселини, како што се цитричната киселина која ја спречува појавата на камен во бубрег, а витаминот Ц и фолната киселина го подобруваат имунитетот. Токму затоа многу лекари препорачуваат да се пие пиво еднаш неделно. Само не го заборавајте правилото за умереност!rn

7. Тестенини: За продолжување на младоста

rn9 прехранбени производи што си ги забрануваме иако не би требалоrnrnТестенините содржат скроб, витамин Б и антиоксиданси кои го забавуваат стареењето на клетките.rn

8. Шеќер: За мозокот и црниот дроб

rn9 прехранбени производи што си ги забрануваме иако не би требалоrnrnНе, шеќерот не е „слатка смрт“. Научниците уште одамна докажале дека луѓето не можат да живеат без шеќер и неговиот недостаток може да доведе до проблеми со мозокот, како што е склероза. Освен тоа, шеќерот ја регулира активноста на црниот дроб.rn

9. Жесток алкохол: За намалување на холестеролот

rn9 прехранбени производи што си ги забрануваме иако не би требалоrnrnМалите дози на жестоки алкохолни пијалаци како што е коњакот, не само што не се штетни, туку се и многу корисни. Тие ја ублажуваат главоболката, ја подобруваат дигестијата и ги намалуваат нивоата на холестерол. Алкохолот исто така е добар за лечење настинки и само еден шот може значително да го намали стресот.rnrnДоколку сакате да внесете промени во исхраната, прочитајте кои 12 прехранбени производи би требало почесто да ги јадете.