КАФЕ ПАУЗА

7 неодоливи видови прегратки кои секоја девојка ги посакува од своето момче

Познато е дека прегратката има исклучително позитивно влијание како врз физичкото, така и врз психичкото здравје на човекот. Прегратка може да даде секој, а особено е лековита кога ни е тешко.rnrnПостојат неколку видови прегратки кои момците можат да им ги дадат на девојките и секоја од нив е посебна на различен начин.rnrn7-neodolivi-vidovi-pregratki-koi-sekoja-devojka-gi-posakuva-od-svoeto-momche-kafepauza.mkrn

1. Фати ме

rnПрегратката во која девојката му скока на партнерот во прегратка, а тој снажно ја опфаќа околу струкот е прва на листата. Девојката може да ги дигне нозете во воздух и да го опколи цврсто со нив. Ваквите прегратки најчесто ги практикуваме кога сме многу возбудени и среќни што конечно се гледаме со партнерот од кого сме биле разделени некое време. Можеби поминале неколку дена или повеќе, но на двајцата им е многу мило што се гледаат. Оваа прегратка е ретка, па од тие причини е и многу драгоцена и слатка.rn

2. Вртење во воздух

rnДевојката се втрчува кон своето момче во прегратка, а тој ја подигнува и снажно ја врти во воздух, пред да ја спушти на земја. Овој вид прегратка е многу разиграна и забавна и со сигурност ќе ве расположи и ќе ве насмее.rn

3. Стисни ме силно

rnЕдна од најдобрите видови прегратки е онаа кога машкото цврсто ја прегрнува девојката како доказ на неговата љубов. Ако момчето ѝ пружа почесто вакви прегратки на својата девојка, тоа значи дека навистина ја сака. Кога ќе добиете ваква прегратка, бидете благодарни и покажете колку го сакате и цените вашиот партнер. Тоа многу ќе му значи.rn

4. Подигнување во воздух

rnПрво тој ве прегрнува, а потоа ве дига во воздух. Ова е забавен вид прегратка која ќе ве насмее обајцата, а исто така потврдува дека тој се грижи за неа. Освен тоа, покажува и дека тој има сила, а сите знаеме колку момците сакаат да се фалат со своите мускули. Овој вид прегратка е одличен начин тој да ѝ покаже колку е силен.rn

5. Долга прегратка

rnДолгата прегратка е онаа која просто сите ја обожаваме. Го знаете она чувство кога сакате да останете засекогаш во прегратките на некој кој ви се допаѓа? Епа таа е таа прегратка. Ваквата прегратка сакаме да трае цел живот.rn

6. Очи во очи

rnМомчето најпрво ја прегрнува девојката, а потоа малку се оддалечува и ја погледнува во очи. Оваа прегратка е една од најинтимните видови и покажува дека момчето навистина има чувства и се грижи за девојката која ја прегрнува. Кога тој ќе ја погледне во очи, таа треба да му покаже дека е среќна што го има. Прегратката „очи во очи“ можете да ја добиете само од момче кое е вистински маѓепсано од вас.rn

7. На неговите гради

rnАко момчето е малку повисоко од девојката, нејзината глава може да падне точно на неговите гради. Оваа прегратка е одлична за поврзување, а воедно е и многу романтична. Во неговата прегратка таа ќе се чувствува како да е заштитена од целиот зол свет.