КАФЕ ПАУЗА

7 најдобри трикови за да го заспиете вашето дете

Некогаш бебињата лесно заспиваат, но родителите честопати имаат проблеми да го заспијат детето. Ретки се родителите кои никогаш немале проблеми со заспивање на мало дете. Без разлика дали се работи за новороденче или за мало дете, на голем број родители им се крева косата кога треба да го заспијат детето. Ако сте во таква ситуација, тогаш пробајте со овие трикови.rnrn00-7-najdobri-trikovi-za-da-go-zaspiete-vasheto-dete-kafepauza.mkrn

1. Бидете досадни

rnКога е време за спиење, престанете со играње, смеење и скокоткање и покажете му на детето дека е време за спиење. Бидете тивки, изгаснете ги светлата и посакајте му добра ноќ. Ако детето се разбуди сред ноќ, нахранете го ако го бара тоа, но без разговор и смеење за да не се доразбуди. Вратете го во кревет и во тишина покажете му дека ноќта е наменета за спиење.rn

2. Вклучете правосмукалка

rnМоже да искористите и фен или вентилатор. Ова е неверојатно, но бебето полесно заспива со вакви звуци, а штом заспие исклучете го уредот за да не се навикне да спие само со тој звук. Бебето ќе ужива, но вие сигурно нема да се наспиете.rn

3. Оладете ја собата

rnГолем број родители се плашат детето да не настине ако спие во ладна соба, па затоа спалната понекогаш ја загреваат толку многу што во неа едвај се дише – а тоа е потполно погрешно. Температурата на телото за време на спиењето опаѓа – па не ни е потребна претопла соба за полесно да спиеме. Бебињата се нервозни, се потат и постојано се будат ако спијат во претопла соба. Затоа не претерувајте со греење.rn

4. Напуштете ја собата

rnНаучете го детето да спие само уште од мали нозе. Иако на многу родители им е жал да го остават малото бебе да спие само, верувајте дека ќе си бидете благодарни кога тоа ќе потпорасне.rn

5. Држете се до рутината

rnКога станува збор за спиење, секогаш држете се до истата рутина. Ако времето за спиење почнува со капење и миење заби тоа секогаш нека биде така за детето да знае дека е време за спиење. Ако пред спиење му читате книга, читајте тивко со бавен глас и без гласни звуци.rn

6. Трикот со марамчиња

rnПостојат разни методи на заспивање мали бебиња, па вреди да го пробате и овој:rnrnrn

7. Хранење во сон

rnПрашањето дали треба новороденчето да го будите во текот на ноќта за да го нахраните е вечна дилема на родителите. Ако сакате да го нахраните бебето, а не сакате да се буди сред ноќ, тогаш едноставно дајте му да јаде додека спие. Без разлика дали го доите или го храните со шишенце, понудете му млеко и бидете нежни за да не се разбуди во текот на спиењето.