КАФЕ ПАУЗА

4 хороскопски знаци што ќе имаат лош почеток во 2020 година

4 хороскопски знаци што ќе имаат лош почеток во 2020 година

Новата година е време за нови почетоци и одлуки, но за некои хороскопски знаци, почетокот на 2020 година ќе биде малку тежок поради движењето на планетите Сатурн, Плутон и Уран. Секогаш кога овие три планети ќе поминат низ вашиот знак, вие ќе доживеете чувство на беспомошност или губење на контролата над работите што се случуваат во вашиот живот. И покрај тоа што транзитот на овие планети може да ви го направи почетокот на новата декада многу лош, тоа не значи дека во текот на целата година ќе се соочувате со проблеми. Прочитајте дали сте меѓу хороскопските знаци што ги очекува тежок период во почетокот на новата година.rnrn4 хороскопски знаци што ќе имаат лош почеток во 2020 годинаrn

1. Овен

rnВо почетокот на новата година ве очекуваат збунувачки вибрации, а тоа ќе предизвика чувство на вознемиреност поради тоа што вие секогаш се чувствувате сигурно во себе.rnrnОвенот е знак кој навистина знае што сака и може да се чувствува многу фрустрирачки ако одговорот не е јасен. Овие личности сакаат да имаат јасни цели и чист пат пред себе, но ако планови им се измешаат, тие ќе бидат многу нерасположени.rnrnВе очекува тежок период, па можеби ќе треба да направите мала пауза. Одвојте време за да согледате што ви е навистина важно, а што не. Ако го направите тоа, 2020 година ќе биде период на вистинско созревање.rn

2. Бик

rnБиковите сакаат да уживаат во удобност и во стабилност, но Уран носи хаотични промени. Вие сте личности кои живеат живот кој секогаш се одвива по добро позната рутина, но сега ќе започне да станува непредвидлив, а тоа би можело да влијае на сè околу вас, од работата до врските.rnrnСепак, астрологијата за вас има добри вести затоа што лошиот почеток на 2020 година ќе заврши со неколку добро научени лекции. Целта на овој транзит е да се ослободите од тврдоглавоста. Ако успеете да го направите тоа, ќе откриете дека можете да создадате удобност и стабилност и внатре во себе, а не само надворешно.rn

3. Вага

rnЛичностите родени во овој хороскопски знак сакаат работите да бидат балансирани, па лошиот почеток на 2020 година ќе направи да се чувствуваат дезориентирано и како да не знаат што да направат следно во животот. Но, колку и да е збунувачко, тоа нема да трае долго, а можеби дури и ќе научите нешто ново за себе во тој процес.rnrnИмајте на ум дека рамнотежата може да постои во еден момент, а во следниот да ја снема. Но, вашата стабилност ќе дојде подоцна во следната годината, откако ќе ги научите лекциите што за вас ги подготвиле Сатурн и Плутон.rn

4. Јарец

rnЛичностите родени во овој хороскопски знак ќе се чувствуваат како нивниот живот да не е на добар пат. Бидејќи овие личности ја вреднуваат напорната работа и амбициозноста, во почетокот на новата година ќе се чувствуваат изгубени додека да сфатат кој е нивниот следен потег.rnrnИ покрај тоа што ве очекуваат тешки моменти, научете да слушате и интегрирајте го она што ви се нуди, дури и ако тоа не е она што го сакате.rnrnПрочитајте кои 3 хороскопски знаци ќе ја имаат најромантичната зима.