Супер би било доколку сите дома имавме посебна соба за фитнес. Но бидејќи тоа е само далечен сон на повеќето луѓе, еве неколку едноставни вежби за кои не ви се потребни специјални направи, а можат многу да ви помогнат при зацврстување на вашите мускули. За да ви биде забавно додека вежбате, пуштете музика или некој филм.rn
1. Пешачење
rnДоколку времето ви дозволува, излезете на кратка прошетка околу вашиот дом. Ако пак времето си има други планови, прошетката можете да ја направите и во домот. Ако имате скали во близина, искористете ги за загревање. Качете се и симнете се неколку пати по нив. Ако сметате дека тоа е премногу лесно за вас, земете корпа со испрани алишта или неколку шишиња вода кои ќе ви послужат како тегови. Во случај да немате скали во близина, не грижете се, како за почеток завртете неколку кругови во вашиот дом.rnrn
rn
2. Скокови за истегнување
rnОвие скокови секогаш се забавни и се добар начин да се потсетите на часовите по физичко во основно и во средно. Тие исто така се одлични кардио вежби и совршени за загревање на вашето тело.rnrn
rn
3. Склекови
rnИ покрај тоа што повеќето луѓе не ги преферираат бидејќи се тешки, постојат неколку трикови при нивното правење кои ќе ви ги олеснат, но истовремено ќе го задржат истиот ефект врз вашето тело. Наместо да ги држите нозете исправени, потпрете се на вашите колена и правете ги побрзо. Кога ќе почувствувате дека ви стануваат лесни, пробајте го истото само со едната рака зад грб.rnrn
rn
4. Вежби со подигнување на нозете
rnИ покрај тоа што правилно е да ги држите нозете исправени при подигнувањето, за почеток можете малку да ги свиткате кај колената. Има неколку комбинации на оваа вежба. Паралелно подигнување на двете нозе или наизменично. Кога ќе почнете да ги чувствувате како многу лесни, правете ги во комбинација со вежбата за стомачни мускули.rnrn
rn
5. Џогирање во место
rnОваа вежба можете да ја правите во ритамот на музиката или пак додека гледате некоја ТВ серија или филм. Се препорачува да носите добри патики, за да се намали притисокот на вашите стапала.rnrn
rn
6. Клекнувања
rnОдлични вежби за зацврстување на вашите нозе и задник. За подобар ефект земете нешто потешко во вашите раце (шишиња вода, конзервирано овошје…) и ќе почувствувате разлика за само една недела. Доколку веќе имате кондиција за оваа вежба пробајте да ја правите со скокање.rnrn
rn
7. Танцување
rnСами сте дома? Пуштете музика и почнете со танцување. Никој не ве гледа така да можете целосно да се опуштите со движењата… Скокајте, трчајте и забавувајте се низ вашиот дом. Танцувањето е одлично за вашето срце, а доколку го практикувате секојдневно, може многу да ви помогне во одржување на вашата телесна тежина.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
