За да го добиете и да го задржите вниманието на една девојка, потребно е нешто повеќе отколку само флертување. Голем број мажи не се добри кога станува збор за флертувањето, но тоа не значи дека е изгубена сета надеж. Ако навистина сакате да ја придобиете девојката која ви се допаѓа, тогаш флертот не е единствениот одговор. Па, како да го постигнете тоа? Погледнете ги овие седум чекори кои ќе ви помогнат да ѝ покажете на девојката дека сте достоен човек за неа.rnrn
rn
1. Бидете љубопитни
rnПоставувајте прашања за неа. Бидете вистински заинтересирани за случувањата во нејзиниот живот и работите кои ѝ се важни. Внимавајте да не претерате, но покажете ѝ дека навистина се грижите.rnrn
rn
2. Имајте свој живот
rnОд друга страна, вие треба да бидете подготвени да одговарате на прашања за себе и не треба да оставате впечаток дека имате досаден живот.rnrn
rn
3. Грижете се за себе
rnИзгледот е важен. Не треба да бидете најатрактивниот човек во светот, но покажете дека внимавате и се грижите за себе и за својот изглед. Одржувајте хигиена, поправете си ја фризурата и изберете облека која добро ви прилега и во која се чувствувате удобно.rnrn
rn
4. Обрнете внимание на неа
rnОва не значи дека треба да зјапате во неа додека не ѝ стане непријатно. Но, покажете ѝ дека сте добар слушател. Доколку ви раскажува нешто, слушајте ја внимателно и поставете прашања кога ќе биде соодветно време. Ако сте излезени со пријателите и таа го спомене нејзиниот омилен пијалак, купете ѝ го наредниот пат кога ќе излезете заедно. Нека знае дека е доволно интересна за да го привлече вашето внимание.rnrn
rn
5. Покажете се во најдобро светло
rnРазмислете кои се вашите најдобри карактеристики или кога се однесувате најдобро. Дали е тоа кога сте излезени со пријателите? Кога спортувате? Или пак додека гледате филмови? Кога ќе го сфатите ова и кога ќе имате можност, поканете ја девојката што ви се допаѓа за да ве види во најдоброто издание.rnrn
rn
6. Насмевнувајте ја на вистинските начини
rnАко сте забавни и ако знаете да го направите тоа на вистинскиот начин, тогаш можете да изгледате многу атрактивни. Но, сепак, внимавајте да не правите груби шеги или да ги исмевате другите.rnrn
rn
7. Флертувајте малку
rnИако флертувањето не е вистинскиот одговор, не значи дека целосно треба да го избегнувате. Кога ќе дојде моментот, дајте ѝ до знаење на девојката дека ја сметате за атрактивна личност. Но, нека биде тоа умерено, без да претерувате. Ако таа исто така е заинтересирана за вас, ќе најде начин тоа да ви го покаже. Ако не, тогаш вие тука не можете ништо да направите.rnrn