6 знаци што откриваат дека вашиот поранешен партнер навистина продолжил понатаму

Сподели

Ако бившиот веќе не гледа заедничка иднина со вас, тоа ќе го сфатите кога ќе се сретнете, а тој едвај ќе ве погледне, кога ќе ви ги врати сите ваши работи или кога ќе откриете дека има нова девојка.

Реклама

rn

1. Тој има нова девојка

rnОткривањето дека тој веќе продолжил со животот и нашол нова љубов е дополнителен удар за вашето его. Дури и ако сè уште чувства нешто за вас, тие чувства веќе не се исти. Сè што останало од љубовта се пријателството и заедничкото минато.rn

2. Ви ги вратил сите ваши работи

rnАко поранешниот партнер одлучил да ви ги врати сите работи што останале во неговиот дом, тоа е јасен знак дека тој одлучил дека веќе немате заедничката иднина. Со тоа, тој сака да отстрани сè што го потсетува на вас и да ви каже дека нема враќање назад.rn

3. Не сака да разговара со вас

rnСлучајните средби по раскинувањето може да бидат непријатни, но ако поранешниот партнер го сврти погледот и избегнува контакт со очите, тоа не е добар знак. Тој само сака да каже дека вие сте дел од минатото и веќе со вас не сака да има ништо. Вртењето на погледот настрана може да укажува и на засраменост, особено ако тој е виновникот што сте раскинале.rn

4. Јасни и недвосмислени пораки

rn„Никогаш веќе не сакам да разговарам со тебе“, „сакам нов почеток“, „не те сакам“ – ако ги слушнете овие зборови, не трудете се залудно. Веќе ништо не го врзува за вас, па ако ви ги каже овие зборови, кренете ја главата и продолжете напред, без да гледате назад.rn

5. Не сака да ве сретне

rnТој свесно ги избегнува сите настани и собири каде што можете да се сретнете. Тоа може да биде многу болно, но во тој момент е во ред да ви биде тешко. Сепак, можеби тоа е единствената можност да запознаете некој нов.rn

6. Се оженил

rnФактот дека поранешниот веќе има нова љубов не е лесно да се прифати, но ќе ви биде уште потешко ако се оженил. Така, тој јасно кажува дека продолжил понатаму и дека нема враќање назад. Во такви ситуации, треба да бидете колку што е можно посмирени и да го почитувате неговиот избор.

Погледнете кои се 6-те фази низ кои треба да поминете за да сфатите дека тој не е вистинскиот.

Популарно

Може ќе ве интересира