КАФЕ ПАУЗА

6 знаци што откриваат дека вашиот партнер сака да излегува со друга девојка

6 знаци што откриваат дека вашиот партнер сака да излегува со друга девојка

Можеби на почетокот нема да биде очигледно дека вашиот партнер сака да се гледа со други жени, но со текот на времето ќе почнете да забележувате некои знаци. Ако забележите дека постојано флертува или гледа во други жени, време е да се запрашате дали постои некој проблем во вашата врска. Во продолжение погледнете кои знаци откриваат дека партнерот е заинтересиран за некоја друга.rnrn6 знаци што откриваат дека вашиот партнер сака да излегува со друга девојка rn

1. Очите на вашиот партнер сè почесто шетаат

rnВо човечката природа е да ги забележувате другите луѓе. Ако вие и вашиот партнер седите во кафуле и тој погледне во некој што поминува, веројатно и вие ќе го сторите истото. Забележувањето луѓе не значи дека вашиот партнер бара друга жена.rnrnНо, ако вашиот партнер постојано се загледува во други жени, можеби треба да се загрижите. Обидете се да забележите дали тој остварува контакт со очите. Ако е така, тој не разгледува само така низ просторијата, туку се обидува да формора поврзаност со некого.rn

2. Ве прашува дали некој ви е привлечен

rnАко вашиот партнер ве прашува дали некој ви е привлечен или дали сте заинтересирани за некого, тој можеби се обидува да разговара за потенцијалните можности.rnrnАко вашиот партнер почне да ве прашува за вашите фантазии, за тоа кои познати личности ви се привлечни и сл., можеби сака да пробате нешто ново во спалната соба.rnrnНо, тоа исто така може да биде навестување дека тој бара нешто друго. Вашиот партнер може да ве праша дали вие чувствувате нешто за некој друг, за еден ден нему да му биде полесно да зборува на таа тема.rn

3. Вашиот партнер флертува премногу

rnМоже да биде тешко да се каже кога случајното флертување може да премине во желба за нешто повеќе. Понекогаш, луѓето се среќни што имаат еден партнер, но исто така сакаат да флертуваат и да добиваат внимание.rnrnАко ова го опишува вашиот партнер, неговото флертување најверојатно е безопасно. Но, ако партнерот не се крие и постојано флертува со други жени пред вас, не двоумете се да разговарате со него за тоа.rn

4. Одеднаш почнува да се грижи повеќе за својот изглед

rnСосема е во ред партнерот да внимава на својот изглед, но ако партнерот се труди да изгледа убаво секој пат кога излегува без вас, тогаш можеби тој се обидува да импресионира некоја друга.rn

5. Вашиот партнер излегува почесто без вас

rnДотерувањето и излегувањето не се сигурен знак дека вашиот партнер сака да запознае други луѓе. Во ред е да имате свој живот додека сте во врска, но ако вашиот партнер е заинтересиран за запознавање нови луѓе и често излегува сам, тоа значи дека сака да флертува и да открие дали некоја личност е заинтересирана за него.rn

6. Бара простор

rnАко на вашиот партнер му е потребен простор за да се пронајде себеси, можеби тој се обидува да сфати што сака. Тоа што вие ќе му дадете простор, не ви гарантира дека вашата врска ќе продолжи да функциоира. Во таков случај, големи се шансите дека вашиот партнер можеби сака да проба нешто ново.rnrnПрочитајте кои 16 знаци покажуваат дека партнерот не вложува доволно труд.