И покрај фактот дека Фрида Кало не била воодушевена од нејзините лични карактеристики, таа одбивала да ги прикрие со шминка. Современиците не ја сметале за убава, мексиканската уметница Фрида Кало, но нејзиниот уникатен изглед и личност сè уште се инспирација за уметниците и денес.rnrn
rnrnОдбравме неколку клучни ритуали преку кои Фрида Кало го покажувала својот комплексен однос кон убавината.rn
1. Поигрување со андрогиниот стил
rnНа своите слики, Фрида честопати ги преувеличувала челото и мустаќите, нагласувајќи ја двојноста на машкоста и женскоста. Таа била привлечена од андрогиниот изглед, иако не била задоволна поради него.rnrnТаа изјавила дека не е премногу среќна поради тоа што има прилично изразени машки карактеристики: „На моето лице, ми се допаѓаат веѓите и очите. Сè друго не ми се допаѓа. Имам дури и мустаќи“.rn
2. Црвеното како симбол на здравјето
rnКритичарите внимателно ги анализирале сликите на Фрида и ја откриле поврзаноста помеѓу сопственото здравје и употребата на црвената боја. Кога се преселила во Сан Франциско, користела сјајно руменило и црвен кармин на автопортретите. Во најлошите периоди од нејзиниот живот, кога болката во грбот била неподнослива, таа се изразувала употребувајќи бледи, сиви и безбојни тонови.rnrnСамата уметница изјавила дека црвената боја за неа значи еротика и протест. Фрида многу сакала да користи кармин и секогаш оставала отпечаток од усните на љубовните писма и фотографиите што ги испраќала до своите партнери.rnrnНа пример, во 1939 година, таа му испратила писмо на својот сакан Николас Мурај во кое имало многу отпечатоци од усните: „Му испраќам милиони бакнежи на твојот убав врат за да му биде подобро. Тебе, мојот најмил Ник, моето срце, крв и природа. Те обожувам“.rnrn
rn
3. Молив што ги потенцира веѓите
rnПо смртта на Фрида во 1954 година, нејзиниот сопруг Диего Ривера ги затворил бањата и спалната соба за да го зачува неговиот идентитет колку што е можно подолго. Неколку години подоцна, по неговата смрт, историчарите на уметноста ги обновиле сите средства што таа ги користела. Фрида претпочитала да користи дебел слој пудра во прав, а врз тоа оризов прав.rnrnЗа ноктите,избирала црвени нијанси, а обожувала и розов руж. Таа одбивала да ги отстрани мустаќите над горната усна и ги потенцирала веѓите со специјален креон и црн пигмент што го стимулирал растот на влакната.rn
4. Првата „трендсетерка“
rnФрида не била сигурна во својата насмевка заради искривените заби што биле оштетени поради склоноста кон алкохолот и слатките. Но, наместо да ги крие, таа преку нив ја покажувала својата уникатност.rnrnТаа имала комплета протези, едната изработена од злато, а другата од дијаманти. И двете биле изгубени, но сепак тие биле пример за тоа како секоја несовршеност може да се претвори во достоинство.rnrn
rn
5. Љубов кон острите мириси
rnПријателите на Фрида секогаш велеле дека знаат кога таа се приближува бидејќи мирисала на јасмин и мед со додаток на мирис од каранфили. Таа го користела парфемот „Shocking“ од Елса Шиапарели. Парфемот бил прогласен за скандалозен и јавноста негодувала поради пакувањето во форма на женска фигура.rnrnФрида никогаш не го криела фактот дека е привлечена од женско тело, а нејзината бисексуалност дури е и видлива на неколку нејзини слики. Едно од нејзините најпознати дела, „Две голи во шума“, наводно било инспирирано од нејзината афера со актерката Долорес дел Рио.rn
6. Свежото цвеќе како симбол на плодноста
rnБрендираната цветна круна не е само детаљ на сликата – секој цвет е симбол на плодноста. Обично одбирала цвеќиња од сопствената градина.rnrnПлодноста и цвеќето биле опсесивни мотиви за Фрида и тоа е видливо во многу нејзини дела бидејќи очајно посакувала да стане мајка. Уметницата забременила трипати, но никогаш не родила поради спонтаните абортуси кои ги доживувала.rnrnМожеби сакате да прочитате и дека Ванс ја објави новата модна колекција инспирирана од Фрида Кало.