6 трендови од минатото на кои треба да им обрнете внимание

Сподели

Само што помисливте дека некои парчиња облека никогаш веќе нема да се носат, новите трендови почнаа да го демантираат тоа. Ова се некои од водечките трендови за оваа сезона, а вие речиси ги заборавивте.rn

Реклама

1. Кроп топ

rnТрендот на кратки топови и гол стомак е повторно многу актуелен. Овој пат тоа е малку посуптилно од претходно, но повторно го привлекува вниманието на популарните дами. Носете го со предимензионално сако.rn

2. Набори

rnТесните фустани со набори беа исклучително популарни кон крајот на минатиот век. Тие ја истакнуваат фигурата, а наборите ги кријат недостатоците на женското тело. Оваа сезона тие се на врвот на модната листа.rn

3. Алки

rnИако мислевте дека никогаш веќе нема да се вратат во мода и ги сметавте како демоде, тие се враќаат на модната сцена со вртоглава брзина и изгледаат многу интересно.rn

4. Тенки прерамки

rnТенките прерамки се знак на женственост, софистицираност и суптилен сексапил. Моментално, фустаните со многу тенки прерамки се едни од најпопуларните парчиња облека.rn

5. Квадратни чевли

rnПопуларните влечки со високи потпетици и отворени прсти сè повеќе ја освојуваат модната сцена. Чевлите со шпиц нема да бидат толку популарни и ќе бидат заменети со квадратна форма која беше речиси заборавена.rn

6. Кардиган

rnКардиганот отсекогаш асоцирал на конзервативност. Но, овој пат ќе се носи поинаку и се поврзува со урбаниот стил, така што сега ќе го гледате со други очи.

Погледнете кои модни додатоци ќе бидат актуелни во сезоната пролет/лето 2020 година.

Најново

Може ќе ве интересира