Дали сте во потрага по стратегија како да останете мотивирани за да ги остварите вашите новогодишни одлуки? Во продолжение ви предлагаме неколку совети со кои сме сигурни дека новогодишните одлуки нема да останат запишани само на хартија!rnrn
rn
1.Користете го терминот напредок наместо новогодишна одлука
rnЖивотот е постојано растење, менување и прилагодување на нова средина и околности. Зошто тогаш би ни биле потребни некакви решенија или одлуки? Самиот збор укажува на одлучност и следствено на тоа притисок, наместо саморефлексија и подобрување. Наместо „Нова година, нова личност“, подобро би било да се служиме со мотото „Нова година, поголем напредок“. Ова е еден од најдобрите начини да останете мотивирани и да ги постигнете вашите новогодишни одлуки.rn
2. Бидете реални
rnНекои имаат тенденција да состават листа од безброј предлози, без притоа да бидат свесни дека ако има помалку одлуки на листата, тогаш ќе биде полесно да ги остварат. Фокусирајте се на работите што навистина сакате да ги промените и кои реално можете да ги промените.rn
3. Дружете се со оние кои ве поддржуваат
rnНие постојано сме во процес на подобрување на самите себе. Сепак, не занемарувајте го влијанието што поддршката може да го има секогаш кога ќе преземете некаков потфат. Поддршката може дефинитивно да придонесе за поголеми резултати, па затоа следниот пат би било добро да размислите дали личноста до вас ве поддржува во она што се обидувате да го постигнете.rn
4. Заборавете на неуспесите од минатата година
rnПонекогаш идејата за напредок ја градиме врз основа на нашите неуспеси и грешки од годината што завршува. Поставуваме цели врз основа на работите што не сме ги направиле или работи кои другите ги направиле, но не и ние, а сакаме да знаеме како да ги направиме. Сепак, не заборавајте го златното правило: „колку поедноставно толку подобро.“ На тој начин ќе си поставите цели за работите што сакате и можете да ги постигнете.rn
5. Следете ги вашите цели
rnШтом веќе сте си ги поставиле целите, време е да почнете да работите за нивното остварување, а како потсетник може да ви послужи календарот на Гугл или пак некој од најблиските. Важно е исто така да најдете начин како да го направите она што сте го замислиле. За секоја одлука направете листа со чекори и придржувајте се до неа. Ќе видите дека со тек на време, тоа ќе ви прерасне во навика и ќе ви помогне побрзо и полесно да ја постигнете целта.rn
6. Уживајте во животот
rnБез разлика дали се придржувате до вашата листа со новогодишни одлуки или не, сепак не заборавајте и да уживате во животот. Смејте се често, сакајте ги луѓето до вас и ширете позитивна енергија! Можеби сето тоа е клише, но е сепак остварливо. Среќна Нова година!rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за донесување новогодишни одлуки, можеби ќе сакате да ја прочитате и нашата листа со 6 новогодишни одлуки за вашето ментално здравје.rnrnИзвор: allwomenstalk.com