6 причини поради кои паровите треба заедно да гледаат порно филмови

Сподели

Постои верување дека порно филмовите се штетни и придонесуваат за растурање на врските. Тоа не е точно. Научниците повеќе пати потврдиле дека нема ништо лошо во тоа, туку напротив, може да биде добро за оние кои го практикуваат. Нема потреба ниту паровите да се однесуваат поинаку. Тие ги имаат барем овие шест причини за тоа.

Реклама

rn

1. Станувате дел од фантазиите на другиот

rnГледајќи ги заедно експлицитните сцени на секс нема да бидете опседнати само со ликовите и она што го гледате на екранот. Со оглед на тоа што двајцата сте заедно во таа „забранета“ активност, тоа значи дека доживувате една заедничка фантазија. Секој од вас ќе биде дел од фантазиите на другиот.rn

2. Учите за своите фантазии

rnИзборот на она што ќе го гледате зборува многу за вашите фантазии и ќе ви покаже што сакате, а немате храброст да го кажете. Не мора потоа да повторите сè што ќе видите таму, но ќе имате појасна слика за себе и за фантазиите кои ви се заеднички со партнерот.rn

3. Добро е за здравјето

rnПорнографијата е сатанизирана во денешното општество, но вистината е дека може да биде добра за здравјето. Некои студии покажуваат дека тоа може да придонесе за подобрување на квалитетот на животот, ставовите кон сексот и кон спротивниот пол. Инхибирањето на фантазиите е она што не е здраво.

rn

4. Ќе излезете од зоната на комфорот

rnЗаедничкото гледање на порно филмови може да ве зближи. Ќе излезете од зоната на комфорот со тоа што ќе го видите партнерот во едно поинакво светло во кое можеби не сте го виделе. Можеби на почетокот ќе ви биде непријатно поради забранетоста на она што го правите, но бргу ќе го надминете тоа и ќе се чувствувате покомотно во врската.rn

5. Ќе научите по нешто ново

rnЌе научите нешто ново за себе и за своите фантазии, а ќе научите и некој нов потег кој можеби ќе посакате да го изведете. Сигурно нема да изведете сè што може да се види таму, но ќе најдете нешто што ќе ви одговара.rn

6. Ќе ја намали желбата за други партнери

rnПорно филмовите овозможуваат поголемо ниво на задоволство поради сите веќе наведени причини, а кога постои задоволство во врската партнерите не се склони кон изневерување. Друг важен момент е „можноста“ отворено да се фантазира за други луѓе, што исто така ја намалува желбата за авантури надвор од врската.

Популарно

Може ќе ве интересира