КАФЕ ПАУЗА

6 почетнички грешки што ги правиме кога ќе купиме нов велосипед

6 почетнички грешки што ги правиме кога ќе купиме нов велосипед

Written by

in

,

Времето е прекрасно и вие конечно решивте да го замените автомобилот и јавниот превоз со велосипед. Веднаш се впуштивте во акција и го набавивте вашето ново превозно средство. Меѓутоа, сигурно ќе направите некои од следниве почетнички грешки, па затоа добро е да бидете свесни за нив за да можете да ги поправите. Прочитајте за што станува збор…rnrn6 почетнички грешки што ги правиме кога ќе купиме нов велосипедrn

1. Го местите седиштето премногу ниско

rnДали чувствувате болка во колената за време и по возењето? Тоа значи дека вашето седиште е прениско. Ако седиштето е наместено на правилната висина, колената треба да ви бидат малку подвиткани, а стапалото треба благо да ја допира педалата. Ако чувствувате голем отпор на педалите, тоа значи дека треба да го наместите повисоко.rn

2. Веднаш купувате најскапа опрема

rnНе мора веднаш да ја купите најскапата кацига и ракавици и дефинитивно не треба веднаш да почнете да размислувате за замена на сегашниот велосипед со најновиот карбонски модел. Можете да најдете добро сочувана опрема на старо за пониска цена, а потоа одвреме-навреме надградувајте се со нови делови.rn

3. Не го одржувате велосипедот

rnТреба повремено да го носите велосипедот на сервис за рутински преглед. Така ќе го продолжите неговиот век на траење, а некои работи можете и сами да ги направите. Секоја недела проверувајте ги завртките и затегнатоста на ланецот, а по потреба (на секои 3 месеци) подмачкувајте ги рачните сопирачки.rn

4. Немате алат за ситни поправки

rnМора да го имате предвид фактот дека во секој момент може да ви се дупне или издиши гумата. Поради тоа, пожелно е да имате сѐ што ви треба за брзи поправки. Кога ќе одите да купите велосипед, задолжително инвестирајте и во кутија со алат.rn

5. Премногу се возите

rnПо само неколку успешни возења низ градот, се одлучивте за авантуристички викенд во природа и планирате да патувате со велосипед. Време е да ставите кочница за да не се префорсирате. Почнете бавно и дајте му време на вашето тело да се прилагоди на возењето на подолги стази.rn

6. Не правите паузи во текот на долгото возење

rnКога ќе бидете во форма и ќе почнете да возите на подолги стази, не заборавајте дека треба да правите паузи во текот на возењето и да ја одржувате енергијата со помош на храна и течности. Професионалните велосипедисти се навикнати да јадат и пијат за време на возењето, но за почетниците најдобро е да направат пауза. Ако возите подолго од 2 часа, задолжително треба јадете нешто по првите 45 минути возење и да продолжите со мали ужини на секои 20 минути.rnrnДоколку и вие сте решиле да го замените автомобилот, прочитајте кои се придобивките од одењето со велосипед на работа.