КАФЕ ПАУЗА

Изгубени сте затоа што можеби сте престанале да се слушате себеси

Изгубени сте затоа што можеби сте престанале да се слушате себеси

Written by

in

,

Можеби сте изгубени затоа што барате одговори од луѓето кои ги имаат истите прашања како и вие. Се обидувате да ја најдете вистинската насока следејќи ги оние кои тргнале по погрешен пат. Можеби сте изгубени затоа што барате љубов од оние кои не ве љубат вистински. Можеби ги слушате токму луѓето кои не знаат што е најдобро за вас.rnrnИзгубени сте затоа што можеби сте престанале да се слушате себесиrnrnЖивееме во постојана бучава, хаос, непроверени совети, недоучени лекции и неморални правила. Сте го изгубиле гласот. Сте го изгубиле правецот. Сте се изгубиле себеси.rnrnМожеби сте збунети затоа што ги слушате луѓето кои не се согласуваат за ништо, луѓето кои не размислуваат и не чувствуваат како вас.rnrnМожеби се плашите затоа што сите ви велат дека мора да играте на сигурно. Да бидете мирни. Да се држите понастрана од работите што би можеле да остават лош впечаток за вас. Можеби не се чувствувате доволно добро затоа што дури и луѓето кои ве сакаат, ве осудуваат, критикуваат и не ве разбираат.rnrnМожеби треба да направите пауза. Да се одморите од луѓето, дури и од најблиските. Треба да поминете време сами за да заборавите на сите начини на кои ве гледаат луѓето и да можете јасно да се видите себеси. Треба да поминете време сами за да ја сослушате сопствената тишина наместо зборовите што луѓето не ги изговараат кога потајно ве осудуваат. Можеби треба да поминете време сами за да сфатите кои сте, без луѓето да ви кажуваат кои би требало да бидете.rnrnМожеби не се чувствувате силни затоа што сте им ја препуштиле моќта на другите кога не сте можеле да си верувате себеси и кога сте мислеле дека луѓето околу вас знаат повеќе и се покомпетентни за да ги донесуваат вашите одлуки.rnrnМожеби сте изгубени затоа што сте престанале да бидете искрени кон самите себеси и сте се обидувале да се вклопите. Сте сакале да припаднете некаде и да бидете дел од нешто каде што не припаѓате воопшто.rnrnИзгубени сте затоа што наместо да пробувате да се најдете себеси, вие само сте ја следеле толпата. Сте следеле нечиј друг план. Сте следеле нечие друго срце и мислење.rnrnМожеби треба само да застанете. Треба да се ставите себеси на прво место и да верувате во вашата храброст и способност да го следите сопствениот план. Слушајте ја вашата интуиција. Одете во друга насока. Најдете го местото каде што навистина припаѓате.