Многумина веруваат дека жените се посложени суштества од мажите. Но, верувале или не, ни мажите не се толку едноставни колку што делуваат. Токму затоа е добро да знаете што точно тие бараат во жените од соништата, во совршените партнерки за нивrnrn
rn
1. Непредвидлива спонтаност
rnМажите ја ценат спонтаноста, како и необичните идеи. Прекрасните жени чиј најголем адут е нивната совршена надворешност многу често брзо им досадуваат, бидејќи откако ќе исчезне првичната страст, потоа и на мажите им е потребна подлабока поврзаност. Ако сакате да го задржите партнерот крај себе, обидете се да го задржите и нивото на адреналин на истото ниво како и кај него.rn
2. Цврст карактер
rnМажите обожаваат жени што имаат цврсти ставови и размислуваат со своја глава на најразлични теми, а ги одбегнуваат оние што ги менуваат своите идеи на секои две минути затоа што не се доволно информирани, или пак за да ги направат среќни нив. Држете се до своите размислувања, без разлика на сè и никогаш нема да му здодеете на вашиот партнер.rn
3. Искрена насмевка
rnНајверојатно веќе сте чуле или сте прочитале дека девојките што постојано се насмеани се сметаат за поубави и пошармантни. Искрената, природна насмевка е нешто што постојано ги освојува мажите. Таа е позабележлива дури и од шминката и добрата облека. Понекогаш доволно е само да се насмеете и тој ќе падне на колена пред вас…rn
4. Висока самодоверба
rnМажите обожаваат амбициозни жени што го кажуваат она што го имаат на ум. Сепак, не заборавајте дека и двете страни треба да вложуваат во врската, па кога има некаков проблем, не треба тврдоглаво да стоите на своето мислење туку отворено да поразговарате со вашиот партнер. Што се однесува до мажите, тие воопшто не се привлечени од жените што „постојано се во право“.rn
5. Силно почитување
rnЖената треба да има на ум дека нејзиниот партнер има семејство, како и пријатели. Таа мора да го почитува доволно и него и неговите најблиски и никогаш да не застане меѓу нив. Дури и ако тој сака постојано да е со вас, понекогаш едноставно треба да се оттргнете малку и да здивнете еден од друг за здравјето на вашата врска. Ништо што е претерано не е добро за вас.rn
6. Смисла за хумор
rnСмислата за хумор е еден од најбараните квалитети, како кај жените така и кај мажите. Личноста со добра смисла за хумор, што е способна да ве насмее во секоја ситуација, секогаш ќе ве привлекува, без разлика на полот.rnrnПрочитајте ги и овие 8 едноставни причини зошто мажите ги одбегнуваат „совршените“ жени!