Секој сака да биде попаметен, да изгледа подобро и да поседува повеќе вештини. Сепак мозокот е комплексен орган за кој не знаеме многу. Иако можеби сте слушнале дека медитацијата и вежбањето може да ја подобрат неговата работа, постојат и некои други работи кои ќе ви помогнат во тренирање на вашиот мозок.rn
1. Научете да свирите инструмент
rn
rnrnСвирењето помага во подобрување на креативноста, аналитичките способности, јазикот, математиката и моторните вештини. Исто така со свирењето ја подобрувате меморијата, решавањето проблеми и целокупното работење на мозокот.rn
2. Секојдневно читајте весник
rn
rnrnНе само што ќе бидете информирани за случувањата во светот, туку ќе се изложите на нови култури и разни мислења. Читањето весник за само неколку месеци ќе ја подобри вашата комуникација.rn
3. Одвојте време за игри
rn
rnrnНаместо да гледате телевизија, играјте игра која го предизвикува вашиот мозок. Судоку, крстозбори, па дури и видео игрите го подобруваат вашето логичко размислување и вашата способност за решавање проблеми.rn
4. Учете нов збор секој ден
rn
rnrnОва можеби е најлесниот и најбрзиот начин да ја зголемите вашата интелигенција. Можете да симнете некоја ваква апликација на вашиот смартфон, или пак да користите енциклопедија. Проширете го вашиот вокабулар и знаење.rn
5. Одвојте време за вежбање
rn
rnrnВежбањето го подобрува здравјето на мозокот. Ја подобрува вашата меморија, способноста за учење, фокусот и концентрацијата. Па, направете си фитнес план и држете се до него бидејќи покрај прекрасното тело ќе имате и посилен ум.rn
6. Медитирајте
rn
rnrnДајте ѝ шанса на медитацијата. Со неа не само што ќе го намалите стресот, туку и ќе ја зголемите вашата интелигенција. Импресивен е фактот дека монасите кои секојдневно медитираат имале зголемување на сивата мозочна маса. Медитацијата функционира бидејќи го тренира мозокот да се фокусира и да се ослободи од непотребните мисли.rnrnПогледнете ги и овие навики кои ќе ви помогнат да ја зголемите вашата интелигенција.