Ако сакате да го одржите вашиот мозок во форма, истото што важи за мускулите важи и за него – треба да вежбате. Правете психички вежби по неколку минути секој ден и тоа не само што ќе го избистри вашиот ум, туку и ќе ја подобри вашата меморија и ќе ве опушти. Претворете ги следниве 10 навики во секојдневие и нивото на вашата интелигенција значително ќе се зголеми…rnrn
rn
1. Набљудувајте
rnГледањето не е исто со набљудувањето. Набљудувањето подразбира анализирање на сѐ она што го гледате. Кога ќе почнете да набљудувате, ќе ги забележите сите оние работи што долго време сте ги пропуштале. Апсорбирајте го она што ве опкружува и никогаш не престанувајте да фантазирате.rn
2. Учете
rnАко го отворите вашиот ум и никогаш не престанете со учење, вашиот мозок ќе се навикне да бара повеќе знаење и никогаш нема да го сопре тој процес. Прифатете ја секоја можност да научите нешто ново од луѓе кои имаат поголемо знаење од одредена област.rn
3. Слушајте
rnКога ги слушате звуците што ве опкружуваат, впивате дел од светот. Нареден пат кога ќе одите на прошетка, обрнете внимание на она што го зборуваат другите луѓе за да научите како размислуваат. Оваа навика можете да ја вежбате и преку слушање нова музика.rn
4. Експериментирајте
rnДоколку не излегувате од вашата зона на удобност и никогаш не пробувате нови работи, можете да пропуштите нешто што ќе ви го промени животот и умот. Побарајте некое ново интересно хоби или запишете се на курс за да стекнете знаење од некоја област што не ви е толку позната.rn
5. Бидете љубопитни
rnНикогаш не се задоволувајте со знаењето што досега сте го стекнале. Поставувајте прашања. Не земајте сѐ здраво за готово. Истражувајте. Постепено вашето знаење ќе се зголемува и вашиот мозок ќе се навикне да бара нови и нови информации.rnrn
rn
6. Разговарајте
rnУчете од луѓето околу вас. Споделете ја информацијата што со години сте ја чувале во мозокот со личноста која поминала низ истото. Искажете ги вашите идеи и развијте го начинот на размислување со тоа што постојано ќе учите нови работи од нови луѓе.rn
7. Вежбајте
rnТелото и умот се една целина. Ако едното од нив не е во добра форма, другото ќе ги сноси последиците. Одвојте 20 минути од денот за различни вежби кои ќе ви го избистрат умот.rn
8. Медитирајте
rnАко почнете да го набљудувате вашиот ум и да забележувате како се однесува и што ослободува додека медитирате, ќе дознаете многу повеќе за него. На тој начин целосно ќе го откриете вашиот ум и ќе почувствувате како се опушта.rn
9. Анализирајте ги можностите
rnОбидете се да размислувате покреативно и секогаш барајте повеќе можни одговори, а не само еден што ви се чини најлогичен. Никогаш не престанувајте да истражувате нови идеи и да барате што е можно повеќе можности и решенија.rn
10. Играјте си со умот
rnНема ништо лошо во тоа да го водите умот на необични места. Кога создавате универзум во вашата глава каде што сѐ е возможно, го вежбате мозокот. Ќе забележите позитивна промена дури и кај вашата смисла за хумор.rnrnОвие методи ќе имаат влијание само ако ги применувате секој ден, без да го заморувате мозокот секако. Слушајте, набљудувајте и искористете го светот во кој живеете.