КАФЕ ПАУЗА

6 намирници што може да ги јадете навечер без да се здебелите

6 намирници што може да ги јадете навечер без да се здебелите

Научниците и лекарите посочија дека е корисно, па дури и од суштинско значење да јадете навечер. Но, за да избегнете тешко варење на храната, неквалитетен сон и зголемување на телесната тежина, треба мудро да ги изберете намирниците за вашата вечера. Исто така, не заборавајте на големината на порција. Погледнете кои намирници ќе ви донесат здравствени придобивки, дури и ако ги јадете ноќе.rn

1. Јајца

rn6 намирници што може да ги јадете навечер без да се здебелитеrnrnЈајцата се извор на протеин што содржи есенцијални аминокиселини и тие брзо прават да се чувствувате сити. Најдобриот избор се тврдо варените јајца. Омлетот и пржените јајца се исто така добра опција за вечера, но само ако ги готвите во минимална количина масло (или ако воопшто не употребувате масло).rn

2. Сирење и грозје

rn6 намирници што може да ги јадете навечер без да се здебелитеrnrnМало парче сирење има само околу 100 калории, но ќе ви причини многу задоволство и ќе ви донесе придобивки во форма на триптофан, протеин и казеин. Казеинот може да ви помогне да се чувствувате позадоволни и е добар за здравјето на мускулите ако го консумирате пред спиење. Неколку зрна грозје, кои се богати со мелатонин, ќе ви бидат од полза за спиењето.rn

3. Мисирка

rn6 намирници што може да ги јадете навечер без да се здебелитеrnrnАко претпочитате потежок оброк, мисирката е залиха на триптофан и на здрави протеини. Подобро е да ја изберете оваа намирница наместо пилешко месо бидејќи организмот полесно ја вари.rn

4. Хумус со стапчиња од зеленчук

rn6 намирници што може да ги јадете навечер без да се здебелитеrnrnХумусот се прави од леблебија, која е богата со витамин Б6, а овој витамин е важен за синтезата на серотонин. Ако одлучите да јадете доцна во ноќта, најдобриот додаток на ова јадење се стапчињата од краставица, тиквички или моркови.rn

5. Пченка

rn6 намирници што може да ги јадете навечер без да се здебелитеrnrnЗа ужина доцна во ноќта, подобро е да изберете варена пченка наместо конзервирана. Оваа намирница го отстранува вишокот холестерол од телото. Но, не треба да додавате премногу путер или сол на пченката.rn

6. Риба

rn6 намирници што може да ги јадете навечер без да се здебелитеrnrnАко јадете доцна навечер, подобро е да се одлучите за мрсна риба. Изберете риба богата со хранливи материи и омега-3 масни киселини кои се познати по својата способност да ги разградуваат мастите. Протеините што ги содржат рибите се исто така добри за метаболизмот.rnrnПрочитајте кои 11 намирници немаат рок на траење.