Храната, после вежбањето е многу важна за спортистите. Прочитајте ги тајните во нивната исхрана и почнете да ги практикувате.rn
1. Појадувајте. Секој ден!
rnСпортистите не се вртат во кревет по неколку минути наутро. Тие стануваат и веднаш почнуваат со интензивно вежбање од 2 часа. По вежбањето, појадуваат оброк кој е богат со протеини. Ако немате време наутро, не грижете се – не сте единствени, но не заборавајте дека појадокот е задолжителен.rn
2. Јадете повеќе оброци во текот на денот
rnСпортистите јадат во текот на целиот ден, како би можеле да го одржат енергетското ниво. Нив никогаш нема да ги видите како јадат од чинија полна со многу храна.rn
3. Чувајте ги ужинките при рака
rnШто има во чантата на спортистите? Изобилство од енергетски грицки и ужинки за да го задоволат нивниот глад. Тие своите ужинки ги планираат однапред и секогаш ги имаат при рака.rn
4. Протеините се задолжителни (и тоа не само од месо)
rnСекој оброк на спортистите треба да содржи протеини. Тоа е така затоа што протеините ја оформуваат мускулната маса.rn
5. Земете по една банана
rnСпортистите знаат дека овошјето е клучен и најважен извор на шеќери во нивната исхрана. Бананата е број еден овошје на кое спортистите „му се поклонуваат“.rn
6. Збогувајте се со газираните пијалаци
rnГазираните пијалаци се прецртани на листата на неопходни продукти кои треба да ги внесуваат. Кога станува збор за внесување течности, спортистите знаат дека водата е клучна и есенцијална. Дури и кога пијат спортски пијалаци, тие знаат дека потоа треба да ги согорат внесените калории.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

