КАФЕ ПАУЗА

6 мудрости на будизмот кои ќе го променат вашиот живот

Written by

in

,

Секој човек во животот посакува да биде среќен, а будизмот го нуди токму тоа – склоп на различни верувања, традиции и обичаи кои формираат пат кон наоѓање на таа среќа, мир и исполнетост. Оваа религија претставува духовно развивање на личноста и како таква, таа е повеќе начин на живот кој му овозможува на човекот да најде внатрешен мир, мудрост и добрина, за само потоа тој да може да го пренесе тоа во сите останати гранки од својот живот.rnrn(1)-6-mudrosti-na-budizmot-koi-kje-go-promenat-vashiot-zhivot-kafepauza.mkrnrnБудизмот има големо влијание на светот денес, а ќе видите и зошто откако ќе ги прочитате следниве 6 мудрости според кои се води будистичкото верување.rn

1. Живејте живот исполнет со сочувство и добри дела

rnСочувството е нешто што е основно доколку сакаме да најдеме внатрешен мир. Имајќи го ова, луѓето се способни да прават добри дела и да бидат задоволни сами со себе. А кога некој се чувствува убаво и исполнето, тој некој ќе биде добар и кон останатите.rn

2. Обрнете внимание

rnСветот претставува смеса на презафатени луѓе, со преисполнети денови и премалку време за тоа што е навистина важно. За жал, многу од луѓето се освестуваат кога е веќе предоцна за тоа. Но убавината е во малите нешта кои од вас бараат да обрнете повеќе внимание на нив. Отворете ги очите за да го видите она што се наоѓа пред вас.rn

3. Бидете промената по која трагате

rnКако една од најмоќните изреки кои постојат, овие неколку збора се сѐ што ви е потребно да запомните доколку сакате да го гледате светот со поинакви очи. Секогаш, ама баш секогаш, она што го гледате е одраз на тоа какви сте вие како луѓе. Бидете позитивни и во сѐ ќе успеете да ја пронајдете позитивната страна.rn

4. Прифатете дека еден ден ќе ве нема

rnИгнорирањето на фактот дека еден ден неизбежно ќе заминеме од овој свет е нешто што нѐ спречува да го живееме животот до максимум. Мислејќи дека имаме време, одложуваме. Но вистината е дека времето лета и колку побрзо го прифатиме тоа, толку побрзо ќе почнеме да живееме во моментот и да бидеме навистина среќни.rn

5. Исхраната е важна

rnХраната која ја внесуваме во организмот игра неверојатно голема улога во нашиот живот. Свестувањето за ова е нешто кое сигурно води кон посреќен живот. Внимавајте што јадете, ценете го своето тело и своето здравје, изберете среќа.rn

6. Ослободете се од трите најстрашни отрови

rnАлчност, омраза и залажување – ова се трите работи за кои будистите веруваат дека го трујат сечиј живот. Како одговорни за поголемиот дел од негативната енергија која ја чувствуваме, единствениот начин да бидеме среќни и да најдеме внатрешен мир е доколку се ослободиме од нив. Само треба да најдеме начин.