6 модни грешки поради кои изгледате непрофесионално на работното место

Сподели

Можеби мислите дека никој не обрнува внимание на тоа како се облекувате на вашето работно место, но бидете сигурни дека тоа не е така. Иако секој од нас има свој личен стил, кога е во прашање работното опкружување, постојат некои работи кои не се соодветни за него. Сè уште не знаете за што зборуваме? Неколку важни имиња од моќните компании од модната индустрија, го открија своето мислење за тоа кои стилови и парчиња облека ги сметаат за непрофесионални, а ние врз основа на нивните одговори составивме листа од шест најголеми грешки.

Реклама

rn

Грешка број 1

rnСтаромодното облекување е најголемото модно кривично дело, кое можете да го направите на работното место. Облекувањето во согласност со времето во кое што живеете е еден од облиците на добри манири.rn

Реклама

Грешка број 2

rnПремногу шминка, прекратки фустани и здолништа, покажувањето премногу кожа и неможноста за правилно одење на високи потпетици.rn

Грешка број 3

rnТексас… Кое било парче облека од тексас оставете го за во вашето слободно време.rn

Грешка број 4

rnОблекувањето премногу брендирана облека е апсолутно непосакувано, а ова особено важи кога треба да одите на интервју за работа или во првите работни денови. Мора да посакувате во центарот на вниманието да се наоѓа вашата работа, а не вашиот скапоцен стил.rn

Реклама

Грешка број 5

rnОблеката не изгледа чисто, негувано и примерно за вашата позиција. Понекогаш некое парче нема добро да го комбинирате или да го носите како што сте го замислиле, но вашата облека и додатоци мораат да бидат чисти и уредни.rn

Грешка број 6

rnНе усогласувањето на вашиот стајлинг со фирмата во којашто се пријавувате за работа, е една од најголемите грешки кои можете да ги направите. Униформите се одамна заборавена работа во поголемиот број компании, освен во банките. Обидете се да не изгледате како модна жртва, туку како некој кој сака да ги следи трендовите.

Најново

Може ќе ве интересира