Сите имате денови кога посакувате да имате барем малку повеќе време за завршување на сите предвидени обврски. Постојано ги одложувате задачите, на крајот ве фаќа паника, патите од стрес и непроспиени ноќи. Зарем не сакате животот да ви биде малку поедноставен? Еве 6 многу корисни совети кои ќе ви помогнат да го постигнете тоа.rnrn
rn
1. Испланирајте ја работната недела
rnЗапишувањето и планирањето на сите задачи што ве чекаат во текот на наредната недела не значи дека ќе навлезете во досадна рутина, туку дека уредно ќе управувате со времето. Може да имате планер и сѐ уште да бидете спонтани. На тој начин, нема да заборавате на обврските и ќе се трудите сите задачи да ги извршувате во најдобар ред.rn
2. Подзачистувајте
rnКога бевте мали, можеби и не ви беше јасно зошто мајка ви веднаш по јадењето ги миеше садовите и постојано одеше по вас да ги подзачистува работите. Си мислевте, зарем не може да се направи тоа „малку подоцна“. Еве го одговорот. Навременото чистење значи дека нема да ви се трупаат тони алишта и часови чистење за време на викендот. Завршувањето на ситните работи по дома веднаш, може да ве поштеди од многу стрес и губење скапоцено време подоцна. Можеби ќе ви биде тешко, но со текот на времето ќе се навикнете и ќе сфатите колку вредат малите вложувања.rnrn
rn
3. Научете се да велите „Не“
rnДали постојано се трудите да им угодувате на другите? Секогаш сте тука за нив и дури не ви паѓа ни на памет некогаш да ги одбиете? Секако, убаво е да им помагате на другите, но и тоа има свои граници. Доколку немате време за нивните обврски, едноставно кажете „не“ и извинете се. Понекогаш е добро да мислите повеќе на себе. Ќе бидете малку себични, но и посреќни.rn
4. Заборавете на совршенството
rnМногумина живеат со мислата дека мораат да бидат совршени во она што го прават. Совршенството е преценето. Кога правите нешто, како пишување, чистење или едноставно облекување, заборавете на помислата дека сето тоа мора да биде совршено. Верувајте, животот ќе ви биде многу порелаксиран, кога ќе ја совладате оваа техника.rnrn
rn
5. Заборавете на мултитаскинг
rnСо години се обидувавте да ја совладате вештината на мултитаскинг, но вистината е дека таа и не е баш толку корисна. Колку навистина постигнувате на овој начин? Правите повеќе работи наеднаш и сите се просечни. Наместо тоа, фокусирајте се на една задача и посветете ѝ се максимално. Ќе бидете многу позадоволни со резултатот и нема да бидете под стрес.rn
6. Секој ден правете нешто од кое се плашите
rnТрудете се свесно да излегувате од комфорната зона секој ден. Направете го она од кое се плашите! Можеби ова на почетокот ќе ви претставува товар, но долгорочно ќе ви го направи животот многу повреден и поисполнет. Со секој изминат ден, ќе надминувате по некој страв и ќе ја градите самодовербата. И за крај, зарем има нешто што повеќе го поедноставува животот од зголемената самодоверба?rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.