Со овие нови и навистина популарни бои, вашите нокти ќе изгледаат спектакуларно. Па, погледнете кои лакови ќе бидат хит оваа пролет.rn
1. Пролетна виолетова
rnОваа нијанса е навистина нежна, па би требало да ѝ дадете шанса. Пролетната виолетова е посветла, пастелна нијанса на виолетовата или бојата на јоргован.rn
2. Морско сина
rnСигурно уште со првите сончеви зраци помислувате на море. Оваа пролет можете да уживате во бојата на морето со овој лак за нокти.rn
3. Пудра розова
rnВеројатно веќе знаевте дека оваа нијанса ќе биде хит, бидејќи речиси секогаш ја гледаме во пролетната сезона.rn
4. Магента
rnДоколку сакате црвена или пурпурна боја, тогаш одберете магента. Иако е малку потешко да ја комбинирате со други бои, со неа сигурно ќе изгледате навистина привлечно.rn
5. Корално црвена
rnОва е огнена и привлечна нијанса, па нема да остане незабележана. Токму тоа е и нејзината цел – да привлече сечие внимание.rn
6. Боја на праска
rnСтанува збор за неутралната беж нијанса, со светло розови примеси. Крајниот резултат е сочна и светла боја на праска, која може да направи вашите нокти да изгледаат подолги.
Погледнете ги и најпопуларните нијанси на кармин за оваа пролет.

