Карминот е завршниот детаљ на секој модерен и привлечен стил. Исто така, карминот им помага на жените да се чувствуваат женствено и самоуверено. Погледнете ги 3-те нијанси на кармин кои треба да ги пробате оваа пролет.rn
1. Пудра розова
rn
rnrnЕдна од најпопуларните пролетни бои сега ја има и на кармините. Станува боја за „гол“ кармин со светло розов финиш, кој нема да ве остави рамнодушни. Оваа нијанса е одлична за дневно излегување. Романтичната боја ќе ви помогне да изгледате неверојатно.rn
2. Нежен корал
rn
rnrnКоралните нијанси ѝ се доближуваат на црвената, но се многу нежни и не се толку „нападни“. Ова е нијанса која можете да ја носите во секаква прилика, без разлика дали е ден или ноќ. Исто така ова е бојата на годината, па со неа секако ќе изгледате модерно и впечатливо.rn
3. Боја на вино
rn
rnrnДоколку барате кармин за вечерните излегувања кој на одличен начин ќе ви ги истакне усните, тогаш одберете боја на вино. Оваа нијанса ќе го разубави целиот ваш изглед. Покрај тоа, одлично стои на речиси секаков тен.rnrnПогледнете и кои комбинации на бои секогаш изгледаат беспрекорно.
