Сината и жолтата боја се поврзуваат со летото, со сонцето и со морето, а во продолжение ќе прочитате како да ги внесете овие бои во вашиот дом, без многу трошоци.rn
1. Цвеќиња во вазна
rnНаједноставниот начин на кој ќе оживее целиот дом е цвеќето. Сончогледите или други жолти диви цвеќиња ќе изгледаат прекрасно во сина вазна. Од друга страна, комбинацијата на бои може да биде обратна, сините цвеќиња, како што е хортензијата, во жолта вазна ќе го имаат истиот ефект.rn
2. Завеси
rnМенувањето на бојата на завесите може да ѝ даде сосема поинаква атмосфера во просторијата, па дури и да влијае на светлината. Сините завеси со пригушени тонови во собата ќе имаат благотворно дејство, а со жолти завеси просторијата ќе стане пожива.rn
3. Слика или постер на ѕидот
rnКога сакате да ја смените бојата на ѕидовите, но немате време за ваков потфат, едноставен начин да направите сè да изгледа како ново е да ги смените сликите или постерите на ѕидот, особено ако самиот ѕид е бел.
Ако сакате да го внесете спојот на сонце и море во вашиот дом, изберете постери и слики во жолти и сини нијанси. Обрнете внимание на големината на ѕидот и соодветно изберете ги рамките, а за најелегантен впечаток, сите рамки нека бидат во иста боја.rn
4. Перничиња и прекривки
rnПерничињата се парче декор што многу брзо може да ја смени атмосферата во просторијата. Ако имате софа, фотелја или кревет во неутрални бои, можете да додадете перничиња и прекривки во жолти и сини тонови.rn
5. Навлаки за столови и софи
rnАко во дневната соба имате столови или софа од кои воопшто не сте задоволни, а менувањето е преголема инвестиција, можете да ги обновите со едноставно ставање навлаки.
Погледнете ги овие 10 идеи како да создадете морска атмосфера на балконот.

