Без разлика на тоа колку сте искусни во сексот, да се навратиме накратко на 5-те основни лекции кои сигурно одамна сте ги научиле, но ве потсетуваме дека никогаш не смеете да ги заборавите.rnrn
rn
1. Не претерувајте со бакнување
rnБарем не на почетокот на врската. Вашиот јазик не треба да биде постојано во неговата уста бидејќи така ем ќе му здосадите, ем тој нема да биде толку возбуден за вашето тело бидејќи и онака ќе го има во доволна количина.rnrnБакнувањето треба да биде нешто посебно, специјално и нежно, а кога ќе се претвори во страсно, знаете што следува.rn
2. Не размислувајте
rnЖените имаат навика премногу да размислуваат во текот на сексот. Темите се секогаш различни, но на сите им е заедничко прашањето: Како изгледам? Драги дами, запомнете дека не е важно како изгледате, туку како се чувствувате.rn
3. Основната хигиена никогаш не е на одмет
rnСпонтаниот секс набрзина е секогаш ОК, но ви гарантираме дека ќе уживате повеќе во односот доколку и двајцата само што сте излегле од тушот (по можност заедно).rn
4. Магијата е во рацете
rnТоа е една од првите лекции кои ги учиме во тинејџерските години – како да го задоволите, а тоа да не личи на секс. Да, драги дами, тие и понатаму сакаат работите да се одвиваат рачно. Имајте предвид дека кожата на пенисот е нежна, исто како и кожата на вашиот полов орган, па со него треба да бидете многу внимателни. Затоа, не штипкајте го и не гребете го со ноктите. Поентата е да го стимулирате мускулот, а не кожата на него.rn
5. Сексот треба да биде забавен
rnНе заборавајте дека сексот е нешто во што треба да уживате. Треба да бидете потполно опуштени, па дури и да се забавувате. Сексот пропратен со смеење најдолго се памети.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
