Довербата е клучна во секоја врска. Од семејството, до пријателите, колегите и романтичните партнери, довербата е можеби најважното нешто. Понекогаш е тешко да стекнете нечија доверба, без разлика колку лесно им верувате на другите. Но, со едноставно менување на вашето однесување можете секому да докажете дека може да ви се верува.
rn
1. Покажување сочувство преку извинување
rnИзвинувањето за работи кои се надвор од ваша контрола, како врнежлив ден или гужва во автобусот, можат да покажат дека се сочувствувате со ситуацијата на некој друг. Ако некој има лош ден, едно „Извини“ може да покаже и грижа и сочувство, а со ова личноста ќе ви верува повеќе.rn
2. Пресликување на говорот на телото
rnАко имитирате нечиј говор на телото додека разговарате, ова е добар знак дека помеѓу вас се создава доверба. Истражувањата покажале дека суптилното пресликување на говорот на телото може да го зголеми чувството на доверба. Ова е особено добро за преговори и решавање проблеми. Се разбира, правете го ова суптилно. Ако го копирате секое движење може да изгледате чудно. Дозволете му на телото природно да ве води и ќе се изненадите од резултатите.rn
3. Прифаќање малку срам
rnПрифаќање на срамот со достоинство укажува на личност на која може да ѝ се верува. Едно истражување во кое учествувал маж кој кажувал за својот успех со гордост, а потоа со малку срам, покажало дека луѓето му верувале повеќе во вториот случај. Срамот е знак дека некоја личност е социјална, а ова ги тера другите да сакаат да се поврзат со таа личност. Секој може да се засрами, а кога нема да се плашите од тоа, веројатно и другите ќе го следат вашиот пример.rn
4. Пријатен мирис
rnОна што им мириса убаво на некои, може да биде неутрално за други. Сепак, науката покажала дека нашиот мирис може да има големо влијание на довербата на другите. Лавандата е арома која е најпријатна за сите бидејќи има смирувачки ефект. Другите ароми како нане, може да бидат постимулирачки, па да ги прават луѓето напнати.rn
5. Заеднички пријатели
rnЛуѓето настојуваат да им веруваат на оние со кои имаат заеднички пријатели. Овој феномен значи дека две личности што имаат трет заеднички пријатели имаат поголеми шанси да се зближат. Во едно истражување, луѓето почесто прифаќале понуди за пријателство на социјалните мрежи ако имале заеднички пријатели. Всушност, 80% од луѓето прифаќале понуди за пријателство ако имале 11 или повеќе заеднички пријатели.
Иако довербата се стекнува со дела и зборови, овие суптилни однесувања може да имаат големо влијание. Науката докажала дека постојат неколку видови однесувања и навики кои ни помагаат да ја стекнеме довербата на луѓето околу нас, а ова придонесува за подолги и посреќни врски.
Погледнете ги и овие гестови со кои ќе ги натерате другите да ви веруваат.

