Од една страна не ја сакаме есента, но сепак не можеме да негираме дека истовремено и ѝ се радуваме, бидејќи оваа годишна доба со себе носи толку нови трендови, убави бои и слоевито облекување кое нам ни нуди безброј совршени, тренди комбинации. Тоа е единствената причина зошто ги бараме поладните денови – за повторно да ги носиме нашите омилени јакни, сакоа и капути! А еве кои 5 модели ќе бидат задолжителни во наредниот период. И да, сигурно ќе ви одговараат, бидејќи одговараат на сечија градба.rnrn
rn
1. Модерно сако
rnМодерното сако, со женствен крој ќе ѝ одговара на секоја девојка, без оглед на тоа како е таа градена. Тие се одличен избор како за работните комбинации, така и за оние лежерните кога ќе посакате да ги направите атрактивни и урбани. Значи, можете да ги носете секогаш и секаде и да изгледате апсолутно стилизирано.rnrn
rn
2. Преголем капут
rnДоколку ги сакате лежерните, удобни комбинации тогаш можете да го надополните вашиот изглед со преголеми јакна, сако или капут. Во нив ќе изгледате доста атрактивно и модерно, а освен тоа ќе се чувствувате удобно, топло и пријатно. Значи, совршено за есен! Затоа и ние гласаме за овој модел.rnrn
rnrn
rn
3. Јакна со рамен крој
rnУште еден модел на јакна или капут кој ќе ви одговара без оглед на тоа како сте градени е онаа со рамен крој. Таа е одлична за сите модерни „камуфлажи“, бидејќи лесно се вклопува како со формалниот стил, така и со лежерниот. Со овој модел ќе можете лесно да си играте и да експериментирате.rnrn
rn
4. Струкирано сако
rnДоколку сакате да го нагласите вашиот струк, а притоа и понатаму да изгледате стилизирано, тогаш направете го тоа со помош на струкираното сако. Тоа ќе направи да изгледате женствено, но сепак професионално и угледно, совршено дури и за сериозните работни комбинации. А за оние лежерни прилики заедно со сакото понесете и впечатлив накит и уживајте во ултра модерната комбинација.rnrn
rn
5. Капут со А крој
rnНа крај, занимлив избор за занимливите есенски денови е капутот и сакото со А крој. Подолг, со краеви кои благо се шират, создава одличен избор за секоја професионална девојка со стил и став! Зар не се сјајни? Во нив со сигурност ќе изгледате занесно и моќно!rnrn
rnrn