КАФЕ ПАУЗА

Како да препознаете дали токсични луѓе манипулираат со вас?

Препознајте дали токсични луѓе манипулираат со вас и ослободете се од нив

Written by

in

,

Секому му се има барем еднаш случено да не може да направи разлика помеѓу пријателска поврзаност и намерна манипулација со која другата личност го држи во своја близина. Исто така, секој жив човек може да издвои најмалку едно лице од својата непосредна близина за кое е свесен дека не е добро друштво.rnrnПрепознајте дали токсични луѓе манипулираат со вас и ослободете се од нивrn

Што точно прави една личност да биде токсична?

rnВаквата личност може да се крие во вашиот партнер, во некој од најблиските пријатели, па дури и во семејството. Првите знаци ќе ги забележите по тоа што откако ќе поминете време со нив, се чувствувате изморени, празни и негативно настроени и тоа се повторува цело време.rnrnОвие лица не знаат да дадат вистинска поддршка, ниту пак се емоционално стабилни, но можат да ве убедат дека ви се вистински пријатели и дека нивното мислење е релевантно. Толку лесно глумат и манипулираат, што некогаш можете сами да се забележите дека имате потреба од нив, иако сте свесни дека по средбата ќе бидете емотивно и енергетски исцедени.rnrnТие се секогаш осудувачки настроени, имаат специфични потреби и никогаш не преземаат одговорност, ниту пак се извинуваат за непријатните ситуации.rnrnПрепознајте дали токсични луѓе манипулираат со вас и ослободете се од нивrn

Како може да влијаат врз вас?

rnТоксичните личности имаат неверојатни моќ и талент да ве уверат дека тие се во право, до степен што може да се случи да ги браните нивните непромислени постапки, дури и по цена самите да се понижите. Тие го крадат уживањето од нештата што ги сакаме, а често влијаат и на односите што ги имаме со другите луѓе.rnrnПо некое време ќе забележите дека правите нешта што не ви се допаѓаат, но прават да бидете прифатени од нив. Кога ќе дојде тоа, веќе сте западнале во мрежата на хаос, лажење, манипулација, критика и желба за контрола на другиот.rnrnПрепознајте дали токсични луѓе манипулираат со вас и ослободете се од нивrn

Препознајте ги знаците

rnМногумина не се свесни дека се манипулирани додека не стане предоцна. Искрените луѓе ќе ве охрабрат, ќе ви дадат поддршка или ќе ве советуваат. Токсичните, пак, ќе ви кажат што е најдобро за вас и ќе ве убедат да ги послушате. Затоа, потребно е да ги препознаете точните знаци.rn

    rn 011

  1. Игра на обвинување – ќе ве стават во незавидна ситуација, нема да се извинат, но и ќе најдат начин да ве обвинат дека вие сте ги натерале на нешто.
  2. rn 011

  3. Изолирање – поминувате предолго време со нив, а на сметка на тоа намалувате со другите контакти. Ним им треба вашето целосно внимание и не сакаат да го делат со други. Не се чудете ако ве обвинат дека поради вашето дружење со други тие немале кому да се јават дека не им е добро или останале сами дома.
  4. rn 011

  5. Внимавате како се однесувате покрај нив – не знаете кога може да избувнат, па затоа кога сте околу нив, внимавате како се однесувате и што зборувате. Едноставно, не сте тоа што сте.
  6. rn

rn

Препознајте дали токсични луѓе манипулираат со вас и ослободете се од нив

rn

Чистење на отровот

rnВо даден момент жртвите на токсичните личности се освестуваат и сè им станува јасно, а тоа често завршува со целосно прекинување на контактот. Постои ли начин целосно да се заштитиме од повторно паѓање во нивните игри?rnrnНаглото прекинување на контактите може да резултира со вознемирување од нивна страна. Затоа, подобро е прво да го намалите го контактот, да ја исклучите лажната блискост и да го зачувате нивниот број во именикот. Во меѓувреме посветете се повеќе на луѓето кои не ве измачуваат, а при повторен обид некој токсично да влијае на вас, пристапете од сосема нова перспектива.rnrnВистина е дека тие повторно ќе се обидат, но вие веќе ќе имате поставено граници. Во зависност од тоа каков е односот со личноста, така и ќе ги дефинирате тие граници, со тоа што многу полесно е да се дистанцирате од некој кој ви бил пријател, отколку со поранешен партнер со кој имате деца или пак со колега од работа. Сепак тоа не е невозможно. rn

Закрепнете и научете да бидете позитивни

rnОтстранувањето на токсичната личност е голем пресврт во животот. Може да се спореди со труење со храна, кога отровите веќе се исфрлени од телото, но вие сте изнемоштени и ви треба уште некој период за да ја вратите силата. Исто ќе биде и кога се во прашање овие луѓе.rnrnВо текот на тоа закрепнување ќе имате моменти кога ќе ви недостига таа личност, но кога ќе се опкружите со фини луѓе, кои не осудуваат, туку поддржуваат и советуваат, процесот ќе станува сè полесен. Ваквиот чекор ќе направи еден ден да бидете горди за своите одлуки. А токсичните? Тие ќе најдат послаба личност од вас и повторно ќе се „закачат“ за некого.rnrnЗапознајте ги и 6-те вида токсични луѓе со кои не треба да започнувате врска.