Повеќето луѓе ја поврзуваат довербата со сексуалната верност, но довербата е чувство што опфаќа многу повеќе. Довербата е некажана посветеност на партнерот и правење сè што е во вашата моќ за да го поддржувате во неговиот развој. Паровите во здрави и среќни врски, ги покажуваат следниве 5 видови доверба.rnrn
rn
1. Сексуална и емоционална верност
rnВерноста е важен дел од секоја врска, а секој има различна дефиниција за неа. Поради ова е важно да разговарате со партнерот за неговите и вашите верувања за верноста за да знаете дали сте на истата страница.rnrnВерноста не е ограничена само со сексуалната интимност, туку важи и за емоционалната интимност помеѓу двајца. Ако сте несреќни во вашиот брак, разговарајте со партнерот или побарајте професионална помош, наместо да барате афера надвор од бракот.rn
2. Доверба дека нема да се манипулирате или да се повредувате еден со друг
rnВистинската љубов треба да биде дива, но слободна. Љубовта цути во безбедно опкружување. Немојте да го гушите партнерот со непотребна посесивност и никогаш не обидувајте се да го манипулирате, да го повредувате или да го контролирате.rn
3. Доверба дека се сакате без скриени намери
rnВажно е и вие и партнерот да чувствувате дека сте сакани поради личноста којашто сте, а не поради некоја скриена намера. Овде спаѓаат нешта како изглед, пари, социјален статус или други награди.rn
4. Доверба дека нема да се напуштите во тешките периоди
rnВо секоја врска, почетната возбуда избледува со текот на времето. Ако поминувате доволно време со некого, постепено ќе почнете да сфаќате дека не се согласувате за сè, ниту пак дека имате исти приоритети. Поради ова, конфликтите се неизбежни во сите врски.rnrnВажно е да разговарате и да го искажувате вашиот гнев во безбедна и пријателска околина, без да се заканувате дека ќе го напуштите партнерот или да му предизвикате страв од тоа.rn
5. Доверба дека ќе одвоите време за врската
rnНа почетокот секој сака да минува многу време со партнерот. Но откако ќе помине тој период, бројот на состаноци се намалува. Престанувате да бидете благодарни за малите нешта што ги прави за вас и престанувате да си давате комплименти. Премногу сте зафатени со работата или хобијата, па поретко одвојувате време за партнерот.rnrnОд огромна важност е да научите да воспоставите рамнотежа помеѓу личниот и професионалниот живот и да одвоите време за вашата врска.rnrnСоветите на овој адвокат за развод ќе ви помогнат да го сочувате вашиот брак.