Ретко кој би рекол дека бубашвабите или глувците спаѓаат во слатки, мали животинки. Всушност, да бидеме искрени, поголем дел од луѓето преферираат да бидат што подалеку од нив. Пајаците, подобро и да не ги споменуваме. Исто така, тешко дека некој би сакал скоро проѕирен дух да му биде најдобар другар. Но можеби, само можеби, за некои од ваквите суштества имаме погрешно мислење. Барем луѓето кои стојат зад цртаните филмови кои ќе ги погледнете подолу, веруваат во тоа и дури некои од нив ни ги прикажаа доста неодоливо и слатко.rnrn
rn
Стаорци
rnГенијалците од „Пиксар“ освен што постигнаа неверојатен успех со анимираниот филм „Рататуј“ (Ratatouille), одлично поминаа и со обидот да ги натераат гледачите барем за момент да престанат да мислат на стаорците како за штетници. Стаорецот Реми, освен што е мил и сладок, замислете умее и да готви храна за луѓето. Кој не би сакал такво милениче?rnrnrn
Пајаци
rnСите сме ја читале „Пајажината на Клeментина“ како деца. И покрај сите обиди, не успеавте да го засакате пајакот додека ја читавте книгата? Епа тоа е едноставно неизбежно кога ќе го гледате филмот. Мора да признаеме, многу е мудар!rnrnrn
Гасеници
rnДа, да, од нив доаѓаат пеперутките, ама гасеница си е гасеница и не спаѓа баш во омилено домашно милениче. Или пак не? Оние кои го гледале „Животот на бубачката“ (A Bug’s Life) не го делат истото мислење. Гасеницата Хејмлих во цртаниот, ќе успее да ве натера многу да ја засакате пред да се претвори во прекрасна пеперутка. Тука мора да се спомене и мравката Дот, која е приказна сама за себе.rnrnrn
Пчели
rnПриказната за обичната, работлива пчела која завршила колеџ и чека вработување, а сонува да излезе од кошницата за да го види светот надвор од неа, е едноставно прекрасна. И смешна. Едно е сигурно, после цртаниот многу повеќе ќе ја цените работата на вредните пчели.rnrnrn
Творови
rnВечниот романтичар Pepé le Pew на „Loonеy Tunes“, можеби е смрдливко, но е навистина голем фраер. Чудно, но ете, за многу луѓе овој твор е баш многу шармантен!rnrnrn
Огри
rnДобро, не дека се реални ама доста често ги има во фиктивниот свет и не се баш најпријатни за гледање. Особено после „Господар на прстените“. Но затоа, „DreamWorks“ одлично си ја завршија работата со најомилениот огар на сите времиња – Шрек. Кај овој лик, убавината и шармот навистина доаѓаат однатре.rnrnrn
Духови
rnЗа делот дали се реални или не нема да дискутираме, но после Каспер, ништо не е исто. На крајот на краиштата, навистина нема ништо лошо во дружба со пријателски расположен дух. А за тоа како всушност станал дух, „Famous Studios“ смислија супер начин за да не ги вадат децата од памет. Каспер се родил како дух затоа што неговите родители веќе биле духови кога го направиле. Барем во некои од верзиите на приказната стои така. И да, си има презиме, Мекфејден.rnrnrnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
