КАФЕ ПАУЗА

5 тајни на природно слабите луѓе

5 тајни на природно слабите луѓе

Постојат луѓе кои без разлика на нивната исхрана изгледаат како постојано да ја имаат истата телесна тежина. Некој би рекол дека имаат брз метаболизам или пак добри гени, но вистината се крие во нешто сосема друго. Тајната на природно слабите луѓе е што тие не вложуваат премногу напор за да ја задржат својата тежина. Не се опседнати со неа, ниту пак се обидуваат да ја држат под строга контрола. Погледнете ги наредниве неколку трикови со кои природно слабите луѓе ја одржуваат својата телесна тежина.rnrn5 тајни на природно слабите луѓеrn

1. Тие не се опседнати со нивната тежина или големина

rnНаместо секојдневно да се будите со помислата дали сте изгубиле некое кило во текот на претходниот ден, и наместо постојано да се мерите на вага со надеж дека овој пат ќе видите помала бројка, обидете се едноставно да не размислувате за вашата тежина. Не поврзувајте ја вашата среќа или вредност со начинот на кој изгледате. Едноставно опуштете се и работите полека ќе почнат сами да се подобруваат.rn

2. Тие им веруваат на нивните тела

rnНаместо да се борите со вашето тело и да го измачувате со мали оброци и големо количество вода за да ја намалите гладот помеѓу нив во текот на денот, почнете да му верувате на вашето тело. Јадете кога сте гладни и сопрете кога сте сити. Доколку јадете поспоро и престанувате навреме, веќе никогаш повеќе нема да ја зголемите вашата тежина.rn

3. Тие не следат неосновани правила за диета

rnИсфрлете ги сите оние правила во кои сте се убедиле дека не треба да јадете после 8 часот, дека треба да јадете 6 мали оброци на ден во кои ќе комбинирате јаглехидрати и протеини или пак, дека треба по секоја цена да избегнувате брза храна и благи десерти… Овие правила само ве изморуваат и не ви дозволуваат да му го овозможите на вашето тело она коешто навистина му е потребно. Токму затоа обидете се да го развиете вашето внатрешно сетило кое ќе ви кажува кој вид храна е добар лично за вас, а кој не.rn

4. Тие не ја поврзуваат храната со вина или срам

rnОние кои немаат проблеми со тежината никогаш не чувствуваат вина доколку изедат нешто што не е добро за нивното тело, ниту пак се нервираат за нивните лоши избори. Да, секој од нас може понекогаш да претера, но тоа не значи дека треба да се обвинуваме до крајот на животот само затоа што сме изеле една коцка чоколадо повеќе.rn

5. Тие наоѓаат среќа надвор од храната

rnХраната навистина е пријатно искуство во кое се ужива, но не дозволувајте тоа да биде единствената причина за вашата среќа. Доколку се чувствувате несреќно, под стрес, осамено или пак депресивно, одбегнувајте да го смените тоа со помош на исхраната. Во вакви ситуации наместо да посегнувате по храна, најдете друг начин кој може да ве смири. Излезете на свеж воздух, договорете средба со пријателите или пак, започнете со спортување.